Креди Јес ќе ги израдува своите клиенти за ЕВРО 2024 со осум 43" Смарт TV.
Сите клиенти кои подигнале кредит од 01.06. до 31.07 ќе учествуваат во наградната игра, без ограничување во поглед на кредитниот продукт, износот и рокот на отплата. Наградите ќе бидат доделени по случаен избор во следните осум седмици – по еден телевизор за среќните учесници.
Споделете ја возбудата со најблиските!
ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА
„Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од Креди ЈЕС“
Согласно член 125 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри (Службен Весник на Република Македонија број 24/2011 со сите измени и дополнувања) се утврдуваат следните правила на наградната игра:
ОРГАНИЗАТОР
Член 1
Организатор на наградната игра „Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од КРЕДИ ЈЕС“ („Наградна игра”) е Финансиско друштво КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје, со регистрирано седиште на ул. Даме Груев бр.3, Скопје – Центар, со ЕМБС 7396384 (во понатамошниот текст: “Организатор”), а во согласност со овие официјални правила на Наградната игра („Официјални правила“).
ЦЕЛ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Член 2
Наградната игра има за цел рекламирање на производите и услугите кои ги нуди Организаторот.
ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ И ОПИС НА НАГРАДНАТА ИГРА
Член 3
Официјалното име на Наградната игра е „Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од КРЕДИ ЈЕС“.
Наградната игра се организира за сите корисници на кредит врз основа на склучен договор за кредит со Организаторот.
Наградната игра ќе се приредува на територијата на Република Северна Македонија, а се организира за сите полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија, кои имаат склучено Договор за кредит на сите продажни места на Организаторот.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Член 4
Наградната игра ќе започне на 01.06.2024 година и ќе трае заклучно со 31.07.2024 година за кредити издадени заклучно до 19:00 часот и истата ќе се одвива во 8 (осум) кола.
ПРОИЗВОДИ КОИ СЕ ДЕЛ ОД НАГРАДНАТА ИГРА
Член 5
Во Наградната игра ќе учествуваат производите кои Организаторот ги нуди на територија на Република Северна Македонија и тоа:
- Договор за потрошувачки кредит – “Кредит до плата” во износ од 3.000,00 до 20.000,00 денари, со рок на отплата до 30 дена од подигнување на кредитот;
- Договор за потрошувачки кредит – “Кредит со 0% камата” во износ од 3.000,00 до 20.000,00 денари, со рок на отплата до 30 дена од подигнување на кредитот;
- Договор за потрошувачки кредит – “Кредит на рати” во износ од 3.000,00 до 70.000,00 денари, со рок на отплата од 3 до 7 рати;
- Договор за потрошувачки кредит – “Кредит за лојални потрошувачи” во износ од 5.000,00 до 120.000,00 денари, со рок на отплата од 5 до 15 рати;
ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Член 6
Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија, кои ќе имаат склучено договор за кредит со Организаторот во периодот од 01.06.2024 година и ќе трае заклучно со 31.07.2024 година за кредити издадени заклучно до 19:00 часот („Учесник“);
Секој корисник на кредит кој ќе склучи договор за кредит со Организаторот во периодот од 01.06.2024 година и ќе трае заклучно со 31.07.2024 година за кредити издадени заклучно до 19:00 часот, автоматски се стекнува со право на учество во наградната игра;
Склучениот договор за кредит претставува потврда врз основа на која Учесникот се стекнува со право на учество во Наградната игра. Организаторот определува системски број на секој склучен договор за кредит и при извлекувањето добитникот ќе биде извлечен по бројот на склучениот договор.
МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Член 7
Наградната игра ќе се спроведува по механизам за учество на начин што еден склучен договор за кредит со Организаторот претставува една шанса за извлекување, односно секој склучен договор за кредит во периодот за кој се спроведува Наградната игра носи по една шанса за извлекување.
ФОНД НА НАГРАДИ ОД НАГРАДНАТА ИГРА
Член 8
Вкупниот број на награди е 8 (осум), а вкупната вредност на наградниот фонд е 116.000,00 денари. Наградите кои ќе бидат доделени во Наградната игра се ограничени и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои се определени со правилата на Наградната игра.
ВРЕДНОСТ И ОПИС НА НАГРАДИТЕ
Член 9
Во Наградната игра ќе биде доделена следната награда:
Награда |
Количина |
Единечна цена без 18 % ДДВ |
ДДВ |
Вкупна вредност со
18 % ДДВ |
HW_A PHILIPS 43PFS6808/12 SA |
8 |
12.288,14 |
14.500,00 |
116.000,00 |
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Член 9
Услов за учество во наградната игра е потпишан договор за кредит од учесникот и Организаторот, склучен во периодот од 01.06.2024 година заклучно со 31.07.2024 година;
Учесниците имаат право на учество во Наградната игра единствено доколку ги почитуваат Правилата на наградната игра.
ДАНОЦИ, РАЗМЕНА И ОДГОВОРНОСТ КОН НАГРАДАТА
Член 10
Организаторот е одговорен за пресметка и плаќање на данокот на личен доход согласно Законот за данокот на личен доход;
Наградата не може да се размени за соодветен паричен надоместок;
Организаторот нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградата, како и плаќање на штети поврзани со нејзиното користење.
ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Член 11
Организаторот има право да ја откаже Наградната игра во било која фаза, со поднесување на образложено барање за повлекувањето и по добивање на одобрение од Министерството за финансии, со известување до јавноста преку дневен печат, доколку настапи штетна последица предизвикана поради виша сила.
КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 12
Организаторот во целост ќе ги почитува одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во текот на траењето на Наградната игра ќе го почитува правото на заштита на личните податоци на учесниците во Наградната игра;
Организаторот има право личните податоци на добитниците да ги користи во своите идни маркетинг активности по претходно добиена писмена согласност од страна на добитникот за користење на неговите лични податоци, а во согласност со Правилата на Наградната игра;
Со самото учество во Наградната игра, учесникот се согласува доколку биде извлечен за наградата неговите лични податоци да бидат јавно објавени и да бидат обработувани за маркетинг цели, со дополнителна согласност Организаторот да врши фотографирање и снимање при доделување на наградата, и да биде вршено емитување на видео снимки и објавување на фотографии од ликот и местото на доделување на наградата и тоа на веб страната на Организаторот, телевизија, интернет и други електронски средства за времетраењето на наградната игра, при објавување и доделување на наградите и по завршување на Наградната игра.
ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Член 13
Извлекувањето на наградата ќе се врши на адресата на регистрираното седиште на Друштвото со адреса на ул. Даме Груев бр. 3, 1000 Скопје и тоа:
- Прво коло на 10.06.2024 година во 15:00 часот на кое ќе биде извлечен по 1 добитник кој има исплатен кредит за периодот од 01.06.2024 година до 09.06.2024 година;
- Второ коло на 17.06.2024 година во 15:00 часот на кое ќе биде извлечен по 1 добитник кој има исплатен кредит за периодот од 10.06.2024 година до 16.06.2024 година;
- Трето коло на 24.06.2024 година во 15:00 часот на кое ќе биде извлечен по 1 добитник кој има исплатен кредит за периодот од 17.06.2024 година до 23.06.2024 година до 11:00 часот;
- Четврто коло на 01.07.2024 година во 15:00 часот на кое ќе биде извлечен по 1 добитник кој има исплатен кредит за периодот од 24.06.2024 година до 30.06.2024;
- Петто коло на 08.07.2024 година во 15:00 часот на кое ќе биде извлечен по 1 добитник кој има исплатен кредит за периодот од 01.07.2024 година до 07.07.2024;
- Шесто коло на 15.07.2024 година во 15:00 часот на кое ќе биде извлечен по 1 добитник кој има исплатен кредит за периодот од 08.07.2024 година до 14.07.2024;
- Седмо коло на 22.07.2024 година во 15:00 часот на кое ќе биде извлечен по 1 добитник кој има исплатен кредит за периодот од 15.07.2024 година до 21.07.2024;
- Осмо коло на 01.08.2024 година во 15:00 часот на кое ќе биде извлечен по 1 добитник кој има исплатен кредит за периодот од 22.07.2024 година до 31.07.2024;
Извлекувањето ќе се врши по случаен избор, преку софтверска програма на сите склучени договори со право на учество во Наградната игра;
При извлекувањето, ќе бидат користени броевите на договорите кои Организаторот системски ги определува за секој договор, а нема да бидат користени останатите податоци на учесниците;
Извлекувањето на наградите ќе се врши во присуство на комисија која ќе биде составена од три члена и тоа:
*Претставник од органот на управување на Организаторот;
*Претставник од административниот сектор на Организаторот;
*Надворешен соработник;
На извлекувањето за наградите ќе бидат извлечени 8 (осум) добитници на наградата и 8 (осум) резервни добитници. Доколку се појави пречка за доделување на наградата, наградата ќе се додели на резервниот добитник.
Право на учество во секое следно коло ќе имаат сите кандидати кои не биле извлечени во некое од претходните кола и така се до одржување и на последното коло.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Член 14
Списокот на добитници ќе биде објавен во рок од 3 (три) дена од денот на извлекувањето на веб – страната на Организаторот https://crediyes.mk/;
Организаторот телефонски ќе ги извести добитниците за добиената награда, на телефонските броеви кои се наведени за учесниците при склучување на Договорот;
ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Член 15
Добитникот на наградата е должен во рок од 30 (триесет) дена од објавувањето на списокот на добитникот на веб – страната на Организаторот да ја прифати наградата;
Добитникот на наградата се обврзува, во рокот од став 1 на овој член, да ја прифати и подигне наградата во некоја од филијалите на Организаторот;
Доколку добитникот на наградата поради спреченост не може да ја подигне наградата, или пак доколку добитникот одбива да ја прими наградата на адресата на која му се доставува, наградата може да ја подигне во рокот од став 1 на овој член во седиштето на организаторот на ул. Даме Груев бр.3, 1000, Скопје;
Легитимирањето на добитникот при доставување на наградата ќе се врши со приложување на лична карта и увид во истата од страна на претставници на Организаторот;
Организаторот на Наградната игра е должен да му достави на добитникот на наградата примерок од пресметката за аконтација на данокот како и податок за платена аконтација;
Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот на наградната игра спрема добитникот.
ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА
Член 16
Правилата на Наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб – страната на Организаторот, https://crediyes.mk/, по добивањето на дозволата за организирање на Наградна игра од Министерството за финансии на Република Северна Македонија, а пред почетокот на Наградната игра.
ПРАВО НА ПРИГОВОР
Член 17
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право да вложи приговор во рок од 3 (три) дена по објавувањето на списокот на добитници на веб – страната, во писмена форма до Организаторот на Наградната игра, кој е должен да одговори на приговорот во рок од 3 (три) дена по приемот на приговорот;
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците во Наградната игра надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.
ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО
Член 18
Во Наградната игра немаат право на учество лица вработени во Финансиско друштво КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје и во правните лица кои учествуваат во организирање на Наградната игра, вклучувајќи ги и членовите на нивните потесни семејства и тоа: родител, дете, брат, сестра и брачен другар.
ДРУГИ ИЗВЕСТУВАЊА ЗА НАГРАДНАТА ИГРА
Член 19
За известување за Наградната игра ќе бидат користени, радио реклама, постери, промоција преку социјални мрежи, и други промотивни активности.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 20
Со исполнување на Правилата на наградната игра, учесниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивањето на дозволата од Министерството за финансии на Република Северна Македонија и по нивното објавување.