02 614 74 44

телефонски број

Тарифник

Тарифник

НА ФД КРЕДИ ЈЕС ДОО СКОПЈЕ

(во сила од 29.07.2023 г.)

Со овој Тарифник се пропишува висината на надоместокот за користење на финансиските услугите од Финансиско друштво КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје, а согласно чл. 19-а став 5 од Законот за финансиски друштва.

За користење на финансиските услуги, во зависност од одбраниот продукт, Финансиското друштво КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје наплаќа надоместок за:
 
Реден број Вид на на доместок Висина на надоместок
1. Провизија за администрирање на кредитот, што вклучува услуги поврзани со администрирање на одобрениот кредит до денот на отплатата на кредитот, вклучувајќи во тоа водење на кредитното досие, комуникација преку СМС или телефонски повици/известувања до Потрошувачот за прашања поврзани со кредитот, освен известувања или опомени за достасани обврски; до 45% од одобрениот износ на кредитот
2. Можност за експресно одобрување на кредитот: Потрошувачот има опција да бара неговата кредитна апликација да се процесира со приоритет (експресно процесирање). 15% од одобрениот износ на кредитот

Забелешки:
Вредностите, предмет на овој Тарифник се изразени како процент или во апсолутен износ, и истите произлегуваат од Договорот за потрошувачки кредит, со исклучок на трошоците настанати во постапката за извршување и законската казнена камата, а во смисла на член 19-а став 2 од Законот за финансиски друштва.

Во рамки на надоместоците (тарифите) се вклучени сите трошоци кои потрошувачот ги плаќа или има обврска да ги плати во текот на целиот период на важност на договорот и наплатата на надоместокот се врши месечно.

Под надоместоци во смисла на овој Тарифник не се подразбираат трошоците кои влегуваат во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) со кои потрошувачот е задолжен во смисла на одредбите за СВТ уредени со Закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.
Одговорност

и професионално кредитирање

Доверба

најдобри совети и грижа за Вас

Приоритет

Ваш прв избор за кредитирање

Брзина

кредит во најкус можен рок