15 250

телефонски број

Изјава за согласност за обработка ...

Изјава за согласност за обработка на лични податоци

Заштитата на личните податоци на посетителот/корисникот на овој веб сајт се регулирани со оваа Изјава за приватност/Политика за приватност и условите за користење, одредбите од Законот за заштита на личните податоци и задолжителните упатства на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Финансиско друштво КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје посветува значително внимание на заштитата од неовластен пристап и користење на Вашите лични податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите согласно со законската регулатива и подзаконските акти кои се однесуваат на заштитата на личните податоци.

1. Контролор на збирка на лични податоци
Контролор на личните податоци е Финансиско друштво КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје со седиште на ул. Даме Груев бр.3, Центар – Скопје.

1.1 Офицер за заштита на лични податоци е лице кое е овластено од контролорот да ја следи имплементацијата на прописите за заштита на личните податоци и да обезбедува усогласеност на работењето со начелата за заштита на личните податоци.

Офицер за заштита на личните податоци на контролорот Финансиско друштво КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје е:

  • Мира Трајковска
  • Маријана Китаноска

тел. +389 76 363 631
e-mail: [email protected]

2. Основни поими

  • „Лични податоци“ се сите информации што може да ги идентификува поединец (на пример, име, презиме, меил адреса, телефонски број, итн.).
  • „Обработка на личните податоци“ значи собирање, складирање, пристапување и други форми на користење на лични податоци.
  • „Контролор“ означува правно лице кое ги одредува целите и средствата за обработка на Вашите лични податоци и ги обработува Вашите лични податоци.
  • „Корисник“ физичко лице, кое користи, користело или изразило интерес да користи некоја од нашите Услуги.

3. Начела поврзани со обработката на лични податоци:
Во однос на обработката на личните податоци Финансиското друштво КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје ги применува начелата поврзани со обработката на личните податоци кои се утврдени со Законот за заштита на личните податоци, а со цел да се обезбеди дека личните податоци кои ги обработува се обработуваат согласно со закон, правично и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци (“законитост, правичност и транспарентност”), дека собира лични податоци само за конкретни, јасни и легитимни цели (“ограничување на целите”), дека обработува само податоци кои се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите (“минимален обем на податоци”), дека податоците се секогаш точни и ажурирани, при што секогаш се преземаат мерки за навремено бришење или корегирање на податоците кои се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени (“точност”), дека личните податоци се чуваат во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци (“ограничување на рокот на чување”) и дека се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност особено во однос на заштитата од неовластена или незаконска обработка, како и во однос на можноста од нивно губење, уништување или оштетување, а со примена на соодветни технички или организациски мерки (“интегритет и доверливост”).

4. Согласност
Со внесување на ваши податоци на нашата веб-страна вие изрично се согласувате со оваа Политика, односно ги прифаќате условите наведени во неа. Доколку не се согласувате со било кој дел или во целост со оваа Политика, не ја продолжувајте вашата активност на нашата веб-страна.

5. Обработка на лични податоци
Податоците на нашата веб-страна се преземаат и обработуваат на следните начини:

  • Со внесување во апликацијата за кредит од страна на посетител на нашата веб-страна;
  • Преку посета и користење на други ресурси на нашата веб-страна;
  • Преку нашите вработени во подружница или со директно информирање преку телефон/е-маил или регистрираниот профил.

Неограничувајќи се со погоренаведеното секогаш кога имате интеракција со нас, а со цел од нас да добиете услуга или информација, ние од вас може да побараме податоци кои може да бидат лични.
Ве молиме да имате предвид дека во случај на откривање на личните податоци преку други онлајн форуми, истите може да ги приберат и користат други субјекти и затоа Ве советуваме и Ве предупредуваме да не ги откривате своите лични податоци онлајн на непознати, со цел да се спречи неовластено користење или злоупотреба.

6. Правна основа за собирање и обработка на лични податоци
Во согласност со законите со кои се уредува заштитата на личните податоци, вашите лични податоци може да се обработат на следниве законски основи:

  • Кога ги обработуваме вашите лични податоци потребно е да го исполнувате договорот што го прифаќате;
  • Кога сте се согласиле за обработка на вашите податоци за специфични цели, секогаш имате право да ја одземете дозволата;
  • Кога Финансиско друштво КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје има легитимен интерес за обработка на вашите лични податоци (при обработка на податоци засновани на правен интерес);
  • Кога тоа е неопходно за да се исполнат одредени обврски пропишани со закон (ова ги вклучува особено податоците што се чуваат за даночни цели);
  • Задолжително е да ги посредува само личните податоци што ги собираме врз основа на барањата на законодавството.

Посредувањето на личните податоци неопходни за целите на договорот се доброволни. Доколку не ни ги дадете вашите лични податоци, а треба да ја обезбедиме услугата што ја барате (како што се потпишување договори, веб-апликации и сл.), ние нема да можеме да Ви обезбедиме таква услуга.

7. Цел на обработка
Финансиско друштво КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје ќе ги обработува вашите податоци само за специфични, експлицитни и легитимни цели. Се обврзуваме да не ги обработуваме вашите лични податоци на начин што е неспојлив со целите дефинирани во оваа Политика.

Целите во кои можеме да ги користиме вашите лични информации се дефинирани подолу. Финансиско друштво КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје може да ги користи вашите лични податоци за една или повеќе идентификувани цели.

Целите за кои ќе ги користиме вашите лични податоци се следниве:

  • Склучување на договор и исполнување на обврски кои произлегуваат од склучениот договор како и обработка на апликација;
  • Проверка и проценка на кредитна историја;
  • Директен маркетинг и маркетинг комуникации;
  • Грижа за корисници, комуницирање со вас за да ги обезбедиме и подобриме нашите услуги и да одговориме на вашите прашања;
  • Добивање законски барања и решавање на спорови (наплата на долгови);
  • За цели на статистичка анализа.

Користењето на овој веб-сајт не бара од Вас да дадете лични информации. Сајтот обработува само информации кои се доброволно дадени од посетителите. Дадените информации може да се однесува на вашето име, е-маил адреса и број на телефон. Секоја обработка на вашите лични податоци, врз основа на вашата согласност, може да биде отповикана во секое време.

8. Видео надзор
Преку системот за вршење на видео надзор поставен во просториите на контролорот, се обработуваат следните категории на лични податоци:

  • физичкиот изглед на странките кои влегуваат и излегуваат од просториите на контролорот и
  • физичкиот изглед на вработените кај контролорот.

Преку видео надзорот се обработуваат лични податоци, односно податоци кои се однесуваат на идентификувано лице или на лице кое може да биде идентификувано, директно или индиректно, посебно врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице. Овие податоци се чуваат 30 дена.

9. Профилирање и автоматско донесување на одлуки
Финансиско друштво КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје користи форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење. Профилирање и автоматското донесување на одлуки користиме во процесот на проверка на поднесената апликацијата за нашите услуги, а особено во делот на проверката на кредитната способност, правење проценка и спречување на ризикот од измама и усогласувањето на правилата за спречување на перење на пари и финансирање тероризам.

10. Директен маркетинг
ФД КРЕДИ ЈЕС користи директен маркетинг преку смс и Вибер. Ние не спроведуваме директен маркетинг усно преку телефон или по пошта. Личните податоци кои се обработуваат може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат. ФД КРЕДИ ЈЕС може да испрати информации за нови производи и услуги, специјални понуди и промоции на смс и Вибер пораки.

Секој што сака да ги добие овие информации ќе треба да ни даде експлицитна согласност да му испратиме директен маркетинг.
Секој може да се пријави на еден од следниве начини:

  • Со пополнување на Изјава за директен маркетинг во некоја од нашите филијали или
  • Со штиклирање на полето Се согласувам со Изјавата за маркетинг цели.

Секое лице кое дало согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја измени или повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цел на директен маркетинг.

11. Размена на податоци
За да обезбедиме квалитет во работата, подобри технички перформанси, за статистички цели и маркетинг при креирање услуги, создаваме партнерски односи со други компании (трети страни). Во такви строго контролирани услови ние може да ги споделиме ваши лични податоци и тие кои ќе бидат обработени со наша легитимна причина за обезбедување на Услуги за сите наши корисници.

12. Колку време ги чуваме собраните податоци?
Вашите лични податоци се чуваат во согласност со важечките закони и само колку што е потребно за да се постигне целта за која се обработуваат податоците или за законски период за периодот што е потребен за извршување на договорот, вклучувајќи ги сите рокови во кои е можно да се утврдат било какви договорни побарувања.

Личните податоци за кои е истечен периодот на задржување (на пр., ако целта за која биле собрани поради истекот на законскиот рок и сл.) ќе бидат избришани, уништени или анонимизирани на таков начин што наплатата на личните податоци повеќе не е возможна.

Доколку Ви требаат дополнителни информации за периодот на задржување на вашите лични податоци, ве молиме контактирајте не на било кој од контактите дефинирани во оваа Политика.

13. Кои се Вашите законски права?
Согласно прописите за заштита на личните податоци Вие имате одредени права во врска со Вашите лични податоци кои вклучуваат:

  • Право на информираност (член 16, 17 и 18 од ЗЗЛП);
  • Право на пристап (член 19 од ЗЗЛП);
  • Право на исправка или дополнување (член 20 и 23 од ЗЗЛП);
  • Право на бришење на податоците (член 21 од ЗЗЛП);
  • Право на ограничување на обработката (член 22 од ЗЗЛП);
  • Право на приговор (член 25 од ЗЗЛП);
  • Право на регулирање на било какво автоматско донесување на одлуки и профилирање (член 26 од ЗЗЛП);
  • Право на преносливост (член 24 од ЗЗЛП).
Напоменуваме дека Барањето за остварување на правата можете да го поднесете на адреса ул „Даме Груев“ бр.3, Центар – Скопје со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“ или електронски, на е-адресата [email protected] при што треба електронски да го потпишете Барањето или пак да го испратите скенирано пополнетото Барање.


НАПОМЕНА: Пред поднесување на Барање за остварување на правата се охрабруваат и замолуваат сите субјекти на лични податоци да ги прочитаат релевантните законски одредби цитирани погоре кои содржат услови и ограничувања кога и како се остваруваат правата, а со цел да се избегнат непотребни и неосновани барања.

Барање-за-достава-на-информации-за-обработка-на-личните
Барање-за-запирање-на-обработката-на-личните-податоци
Барање-за-дополнување

14. Промени во Изјавата за приватност
Го задржуваме правото да ја промениме оваа Изјава за приватност во секое време. Датумот на промената ќе биде прикажан на оваа страница, при што промените ќе бидат на сила од денот на последната промена. Ве советуваме периодично да ја прегледувате оваа декларација со цел подобра информираност.
Датум на последна промена: 30.11.2022 година

15. Прашања
Ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика за приватност на Вашите податоци при користењето на овој сајт, Ве молиме напишете ни на нашата е-маил адреса [email protected].

Одговорност

и професионално кредитирање

Доверба

најдобри совети и грижа за Вас

Приоритет

Ваш прв избор за кредитирање

Брзина

кредит во најкус можен рок