15 250

телефонски број

Креди Jec е дел од Групацијата на ...

Креди Jec е дел од Групацијата на небанкарски финансиски друштва

Креди Jec е дел од Групацијата на небанкарски финансиски друштва
Со огромно задоволство Ве информираме дека Креди Jec е дел од Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора која го поддржа воведувањето на Етичкиот кодекс, со цел подобрување на услугите и зголемување и унапредување на одговорноста кон клиентите. 

Етичкиот кодекс е создаден со цел да ги заштити интересите на клиентите и да ја зголеми довербата во услугите што ги нудат финансиските друштва. Кодексот претставува збир на вредности, принципи и добри практики од работењето на финансиските друштва, потписници на Етичкиот кодекс, кои се во согласност со законски пропишаните регулативи и ги надградуваат истите, а со чие применување и почитување се утврдуваат минималните стандарди во работењето на финансиските друштва.

Целта на Етичкиот кодекс е да се унапреди работењето на финансиските друштва и да се подобри корисничкото искуство на нивните клиенти, да се поттикне поголема социјалната одговорност на финансиските друштва, како и да се унапреди релацијата на финасиските друштва со потрошувачите, односно корисниците на нивните услуги.

Финансиските друштва членки на Групацијата при Стопанската комора продолжуваат во континуитет да работат на подобрување на екосистемот за одговорно кредитирање, заштита на клиентите, подобрување на бизнис условите на пазарот, усогласување со глобалните стандарди, како и подобрување на видливоста и репутацијата на небанкарските финансиски институции. Во тој контекст, донесувањето на Етичкиот кодекс следи по Кампањата за финансиска едукација за заштита на личните податоци.

 

ЕТИЧКИ КОДЕКС НА ГРУПАЦИЈАТА НА НЕБАНКАРСКИ ФИНАНСИСКИ ДРУШТВА

ВОВЕД

Етичкиот кодекс (во понатамошниот текст „Кодексот’’) претставува збир на вредности, принципи и добри практики од работењето на финансиските друштва, потписници на Етичкиот кодекс, кои се во согласност со законски пропишаните регулативи и истите ги надградуваат, а со чие применување и почитување се утврдуваат минималните стандарди во работењето на финансиските друштва.

Кодексот ги опфаќа добрите практики во врска со финансиските услуги што ги обезбедуваат членовите на Групацијата на небанкарски финансиски друштва (во понатамошниот текст „Групацијата’’), во рамки на Здружението на финансиските организации при Стопанската комора на Република Северна Македонија, при целосна усогласеност со кој било закон и регулатива на сила.

Целта на Етичкиот кодекс е да се унапреди работењето на финансиските друштва и да се подобри корисничкото искуство на нивните клиенти, да се поттикне поголема социјалната одговорност на финансиските друштва, како и да се унапреди релацијата на финасиските друштва со потрошувачите, односно корисниците на нивните услуги.

Кодексот ги утврдува стандардите за добри практики на кредитирање, при што финансиските друштва, членови на Групацијата се обврзуваат да ги применуваат правилата на Кодексот и важечките законски прописи на Република Северна Македонија, сè додека правилата на Кодексот не се во спротивност со важечкото законодавство на Република Северна Македонија.

Почитувањето на принципите на Кодексот се следи од страна на Етичката комисија на Групацијата. Работата на Етичката комисија, формирање, мандат, надлежности и постапување е регулирано со Правилникот за работа на Групацијата на небанкарски финансиски друштва. Списокот на финансиски друштва кои се членови на Групацијата и се потписници на Етичкиот кодекс,  и нивните контактни податоци можат да се најдат на интернет страницата на Групацијата:  https://www.mchamber.mk/mk/home/grupacii/25 . 

При разгледување на начинот на примена на овој Кодекс, важно е да се земат во предвид сите канали на дистрибуција на услугите на членовите на Групацијата. Кодексот се применува, без разлика на средствата за дистрибуција на одреден производ или услуга.

Известувањата или информациите помеѓу членовите на Групацијата и потрошувачите може да се изврши преку било кој траен носач, како на пример писмо, електронска пошта или СМС или преку алтернативен метод, кој го одразува и е соодветен на начинот на кој производот или услугата обично се дистрибуираат.

Во случај потписниците на Етичкиот кодекс во период од 12 месеци, да добијат две казни заисто прекршување од регулаторот, Министерството за финансии, финансиското друштво треба да ја извести Комисијата за спроведување на Етичкиот кодекс на Групацијата при Стопанската комора и  таа да ја разгледа нивната подобност за членство во Групацијата.


ОСНОВНИ ВРЕДНОСТИ И ПРИНЦИПИ

Етичкиот кодекс се темели на следните основни вредности:

Транспарентност – како вредност во работењето на финансиските друштва подразбира најмалку:
  • Комплетна и навремена информација за понудениот прозивод или финансиска услуга кон потенцијален потрошувач, за начинот на кој тие функционираат, применливите договорни услови и каматните стапки; 
  • Комплетна и навремена информација за промена на договорните услови за конкретен производ или финансиска услуга кон постоечки потрошувач;
  • Јасни и недвосмислени реклами и рекламни материјали, кои не ги доведуваат во заблуда потрошувачите, со цел истите да добиваат јасни информации за производите и услугите кои ги нуди финансиското друштво; 

Интегритет –  како вредност во работењето на финансиските друштва подразбира збир на принципи и правила за објективност, фер однос, искреност, стабилност, во релацијата помеѓу финансиското друштво и потрошувачот, притоа имајќи ги во предвид најдобрите интереси на двете засегнати страни:
  • Гаранција од потписниците на Етичкиот кодекс дека нивните вработени ќе бидат обучени и ќе ги применуваат одредбите на Етичкиот кодекс;
  • Гаранција дека условите за финансирање на потрошувачите ќе бидат обезбедени според можноста за враќање на потрошувачот на одобрениот кредитен пласман, во висина и ограничување, во согласност со важечките законски прописи.

Професионализам – како вредност на вработените во финансиските друштва подразбира збир од принципи и правила на однесување кои се однесуваат на компетентност, чесност, навременост во давањето на услугата од вработените кон потрошувачот:
  • Добро ниво на услуга на потрошувачите;
  • Одговорите на барањата на потрошувачи ќе биде брз, без да се бараат непотребни документи и колку што е можно од самиот почеток ќе се побараат сите документи и информации кои се потребни за да се избегнат ситуации во кои потрошувачите треба да се вратат за да донесат документ или дополнително да обезбедат друга информација;
  • Финансиските друштва ќе покажат добронамерен и позитивен став при разгледување на финансиските потешкотии на потрошувачот;

Доверливост –  како вредност во работењето на финансиските друштва подразбира збир од принципи, правила, процедури и мерки за заштита на личните податоци на потрошувачот:
  • Личните податоци се чуваат во тајност, согласно договорите потпишани со потрошувачите, а членовите ќе развијат сигурни и ефективни системи за обработка на овие информации;

Одговорност – како вредност при работењето на финансиските друштва подразбира збир од принципи, правила, процедури и мерки (кои во обезбедување на финансиските услуги):
  • Финансиските друштва ќе ги преземат сите неопходни мерки за да се осигураат дека информацијата за промените во каматната стапка, трошоците или договорните услови, ќе стигнат до потрошувачите во разумен рок преку најдостапните средства за комуникација, договорени со финансискиот друштво потписник на етичкиот кодекс и потрошувачот;
 

ПРИМЕНА НА ОСНОВНИТЕ ВРЕДНОСТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ПОТПИСНИЦИТЕ НА КОДЕКСОТ

Наведените основни вредности и принципи ќе се почитуваат при секојдневните активности на финансиското друштво со посебен акцент во процесите на:

Реклама и маркетинг

Основни вредности при рекламирањето и маркетингот на финансиските друштва се транспарентноста и интегритетот т. е обезбедување јасност, точност и прецизност на информациите кои се пренесуваат на потрошувачите/корисниците на услугите на финансиските друштва. Информациите треба да бидат недвосмислени и не смее да го доведуваат потрошувачот во заблуда и треба да му овозможат да донесе добро информирана и правилна одлука при изборот на производот или услуга од финансиското друштво.  

Активностите од доменот на Рекламирањето и маректингот во најмала мера треба да бидат усогласени со барањата и прописите дефинирани во Законот за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити, Закон за понуда на финансиски услуги на далечина и користењето на личните податоци во процесите на рекламирање и маркетинг да бидат согласно Законот за лични податоци. 

За да се обезбеди промоциите и комуникациите да се јасни, праведни и не заблудувачки, потписниците мора да ги земат предвид следните аспекти: 

а) претставување на информацијата на разбирлив јазик и кога е возможно, да се избегнува користење на технички или правен јазик; 

б) начинот на кој комуникацијата или промоцијата се извршува, на пример, преку пошта, писмо, електронска пошта, СМС, лично – вербално споделување на информации и рекламирање или преку предавање на печатен материјал во склоп на промотивни настани или други активности на потписникот на Етичкиот кодекс или во неговите деловни простории, социјални медиуми или интернет, мултимедија (телевизија, радио);

в) видот и сложеноста на обезбедената информација, дејствата на потрошувачите до кои таквата информација може да доведе, каналите преку кои информацијата е достапна; 

г) соодветен формат и содржина на комуникацијата, земајќи ја предвид групата на разгледуваниот потрошувач. 

Потписниците на Кодексот гарантираат за финансиските промоции, односно дека се во согласност со применливото и важечко законодавство во областа на рекламата и маркетингот.

Потписниците на Кодексот гарантираат дека секоја комуникација се заснова на начелата за недискриминација по било каква полова, етничка, возрасна и друга основа.

Потписниците на Кодексот мора да добијат претходна изречна согласност од потрошувачот и можност тоа да го докажат, за да го обезбедат неговото име и адреса на други компании за маркетинг цели. 

Потписниците на Кодексот мора да се придржуваат до законски предвидените начини за добивање согласност од страна на клиентот. Телефонските разговори може да се снимаат, под услов потрошувачите да бидат информирани за тоа. 

На потрошувачите треба да им се даде можност да се откажат од примањето на маркетинг информации од финансиското друштво, потписник на Кодексот, согласно Законот за заштита на лични податоци. 

Кредитирање / издавање на кредити 

Основни вредности во процесите на кредитирање т.е. издавање на кредити се транспарентност, интегритет и професионализам т.е. финансиското друштво - кредитор ќе обезбеди целосни, комплетни, јасни и недвосмислени информации за вкупните трошоци за кредитот - стапка на вкупни трошоци, каматна стапка, и сите други трошоци кои се на товар на потрошувачот во текот на кредитот, како и оние трошоци кои може да настанат од непочитување на Договор за кредит склучен помеѓу финансиското друштво и потрошувачот. 

Потписниците на Кодексот гарантираат дека на секој клиент му се обезбедени потребните информации за природата на кредитот, вклучувајќи го фактот дека кредитите не се препорачливи за решавање на претходно постоечки финансиски потешкотии. 

Пред клиентот да го потпише договорот за кредит, секој потписник на Етичкиот кодекс треба да:
  • му обезбеди на клиентот информации кои се потребни за да се споредат различни понуди и да се донесе соодветна одлука за добивање на кредит;
  • му даде на клиентот јасни и недвосмислени информации за вкупните трошоци на кредитот (стапка на вкупни трошоци, други трошоци кои произлегуваат по барање на клиентот поврзани со кредитот), стапка на кредитна изложеност правилата и начинот за отплата на кредитот, како и за последиците што ќе настанат, доколку клиентот не ги почитува условите на договорот; 
  • се грижи за целосна усогласеност и правилна апликација на методот за проценка на стапката на кредитна задолженост на клиентот;
  • го извести клиентот за своето законско право да го откаже кредитот во законски пропишаниот рок од 14 дена;
Обезбедувањето на овие информации во најмала мера треба да биде усогласено со барањата и прописите за преддоговорни информации согласно Законот за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки кредити.

Одобрувањето на кредити треба во најмала мера да биде во согласност со барањата и прописите со Законот за финансиски друштва и Правилникот за начинот за управување со кредитниот ризик на финансиското друштво.

Оценка на потрошувачката кредитоспособност 

Пред склучување на договор со потрошувач за финансиска услуга, потписниците на Кодексот мора да извршат проверка за да ја оценат способноста на клиентот да го врати заемот. Оценката може да вклучува информации од Македонско кредитно биро (МКБ), КИБС, МВР, Агенција за вработување, Фонд за здравствено осигурување, како и други податоци.

Обезбедени и необезбедени потрошувачки кредити 

Потписниците на Кодексот треба да им обезбедат на потрошувачите, најсоодветни видови кредити, соодветни на нивната финансиска состојба, врз основа на достапните информации за нив.

Потписниците на Кодексот можат да продаваат неколку производи истовремено, до степен до кој тие се во согласност со применливото законодавство.

Договорни услови 

Преддоговорната информација и други информации поврзани со кредитот мора да се обезбеди на потрошувачот согласно законските прописи. Преддоговорната информација ќе биде валидна за целиот период, предвиден во неа, во согласност со понудата на кредиторот. 

Освен ако е невозможно, во случаите на одобрување на заеми од далечина, потрошувачите треба да бидат информирани, односно запознаени со преддоговорната информација и треба да бидат поттикнати да ја прочитаат. Договорните услови треба да бидат напишани на јасен, разбирлив јазик и напишаното треба да биде систематизирано. 

Потрошувачите треба да бидат информирани за начинот на кој ќе бидат известени за секоја промена во договорните услови, кога тие ќе станат потрошувачи и дека ќе имаат можност да го изразат своето мислење во врска со тоа, како што е договорено со соодветниот член на Групацијата.

Измена на договорните услови 

Договорните услови се изменуваат преку потпишување на дополнителен договор или Анекс.

Ако финансиското друштво има намера да ги измени условите и одредбите во однос на трошоците, потрошувачот мора да биде навремено известен за тоа (на пример преку писмо, електронска пошта и слично) и да му се обезбеди можност да го прифати или одбие предлогот на финансиското друштво потписник на Етичкиот кодекс.

Комуникација со потрошувач и отплата на долг

При комуникација со потрошувачот и процесот на отплата на долг посебно при потешкотии за редовна отплата согласно Договорот за кредит, основни вредности се транспарентност, професионализам и интегритет. Тоа подразбира размена на точни, јасни и прецизни информации во периодот на отплата на кредит со  цел од една страна потрошувачот да биде запознаен во целост со евентуалните трошоци кои ќе произлезат од нередовна отплата на кредитот, а од друга страна финансиското друштво врз основа на добиените информации да може да понуди соодветно решение при евентуални потешкотии при отплата на кредитот.

Финансиското друштво ќе покаже добронамерен и позитивен став при разгледување на финансиските потешкотии на потрошувачот. Во тој контекст, финансиското друштво ќе има отворен и разбирлив однос кога се разгледуваат финансиските потешкотии на потрошувачот. 

Потрошувачот може да се смета дека е во финансиски потешкотии кога неговиот приход е недоволен за да ги исполни финансиските обврски кога тие стануваат доспеани.

Ако за време на целиот период на кредитот финансиското друштво потписник на Етичкиот кодекс биде известен од страна на потрошувачот за фактот дека потрошувачот веројатно ќе се соочи со финансиски потешкотии, се препорачува финансиското друштво да се обрати до потрошувачот за да го претстави накратко пристапот кон финансиските потешкотии од своја гледна точка и да го поттикне потрошувачот да се обрати и до останатите финансиски друштва, членови на Групацијата и потписници на Кодексот, доколку има задолжување кај истите.

Ако потрошувачот побара од финансиското друштвон на Групацијата да комуницира со него/неа во писмена форма или по електронска пошта, а не по телефон, се препорачува да се направи токму тоа, додека потрошувачот продолжува да соработува со цел да се одржува постојан дијалог и комуникација со цел наоѓање на решение.

При претставувањето на својот пристап кон финансиските потешкотии, финансиското друштво член на Групацијата се препорачува да разгледа неколку опции заедно со потрошувачот. За оваа цел, потрошувачот треба да сподели софинансиското друштво детали за приходи и обврски кон други кредитори, како и било која друга информација побарана за проверка. Овие информации ќе се  користат за да се развие план на договор за отплата на долговите, ако финансиското друштво и потрошувачот се согласат за развивање на таков план. 

Кога потрошувачот не успее да ги исплати неговите/нејзините обврски за плаќање и не реагира на обидите на членовите да се поврзат со него/неа или обезбедува телефонски број кој не е валиден/актуелен, соодветниот член на Групацијата може да се обрати и до трети лица, при што одлуката за тоа е оправдана од неговиот интерес, да се вратат долговите.

Процедури за собирање на долгови

Се препорачува финансиското друштво потписник на Етичкиот кодекс да ги земе предвид сите други заеми кои потрошувачот ги има од него, во случај да има други обврски поврзани со него. Потписниците на Етичкиот кодекс треба да покажат разбирање при разгледување на нивнитефинансиски потешкотии.

Директен контакт 

Ако потрошувачот побара од финансиско друштво потписник на Етичкиот кодекс да комуницира со него/неа во писмена форма или по електронска пошта, а не по телефон, се препорачува да се направи токму тоа, со цел да се одржува постојан дијалог и комуникација со цел наоѓање на решение.

Договори за отплата на долгови 

Договорите за отплата на долгови склучени помеѓу финансиското друштво и потрошувачите можат редовно да се прегледуваат. Се препорачува секоја интервална анализа да се согласува со потрошувачот, а од своја страна членовите треба да ги ажурираат доспеаните плаќања само на крајот на анализираниот период или ако се промени актуалната лична ситуација на потрошувачот. Потрошувачот треба да го извести финансиското друштво ако има промена во однос на неговата/нејзината лична ситуација.

Комуникација со потрошувачи 

Кога е можно, при комуникацијата со потрошувачите треба да се земат предвид и да се усогласат сите претходни разговори во кој е договорено различно од основниот Договор, со цел поволност за потрошувачот. Финансиските друштва треба да бидат отворени за комуникација со потрошувачите по телефон, пошта, електронска пошта или факс. 

Финансиското друштво ќе стави на располагање соодветен телефонски број на кој потрпошувачот ќе може да се поврзе со одредена личност или тим кој се занимава со случаи на финансиски потешкотии. 

Ако потрошувачот не успее да ги исплати неговите/нејзините обврски за плаќање и не реагира на обидите на финансиското друштво да се поврзат со него/неа или обезбедува телефонски број кој не е валиден/актуелен, финансиското друштво може да се обрати и до трети лица, при што одлуката за тоа е оправдана од неговиот интерес, да се вратат долговите.

Постапување по жалби од потрошувачи

При постапувањето по жалбите од потрошувачи основни вредности или принципи на финансиските друштва се професионализам и транспарентност. Секое финансиско друштво има интерни процедури за разгледување на жалби и известувања од потрошувачите, а вработените кои работат со потрошувачи треба да бидат запознаени со овие процедури. Процедурите треба да бидат јасни и добро дефинирани. Воедно, потрошувачот треба да биде информиран од финансиското друштво за можноста да ја испрати својата жалба до Етичката комисија на Групацијата. 
За да се подобри разбирањето на кредитните производи од страна на потрошувачите и за да се намали бројот на потенцијалните жалби, финансиските друштва треба да иницираат активности за зголемување и подобрување на финансиската едукација на потрошувачите.

Примена и мониторинг на Кодексот

Етичкиот кодекс е дел од нормативните документи на Групацијата и треба да се третира како таков. Одговорност на финансиските друштва, членови на Групацијата и потписници на Етичкиот кодекс е, да ги нудат производите и услугите, во согласност со одредбите на Етичкиот кодекс. 

Финансиското друштво потписник треба да ги информира потрошувачите дека го почитува Етичкиот кодекс. Оваа информација се обезбедува  најмалку преку врска до верзијата на Кодексот на интернет страницата на финансиското друштво, потписник на Етичкиот кодексчленовите. 

ЗАСТАПУВАЊЕ/ЗАЛАГАЊЕ ЗА ИНДУСТРИЈАТА
Членовите на Групацијата на небанкарски финансиски друштва:
  • активно учествуваат и придонесуваат во обезбедувањето повратни информации за нацрт-законите што влијаат на индустријата;
  • се подготвени да ја претставуваат целата индустрија во јавноста и пред регулаторите по потреба;
  • се подготвени за учество и придонес во ПР кампањи, комуникации организирани од Комора;
  • се подготвени активно да ги промовираат на своите веб-страници заедничките проекти кои се спроведени во рамките на Групацијата, како и да учествуваат во заеднички кампањи организирани од Комората;
  • не вршат активности за нелојална конкуренција кон другите членки на Комората;
  • не се поврзани со партнер кој е поврзан со било какви криминални активности;

Со цел да го претстават влијанието и напредокот во индустријата, членовите транспарентно ќе ги споделуваат кварталните извештаи со другите членови според дефирнираните обрасци.

Со цел континуиран напредок на индустријата, членовите, на редовна основа ќе вршат размена на искуства со другите членови за позитивните практики.

Етичкиот кодекс е потпишан на 10.06.2025 година, од членките на Групација на небанкарски финансиски друштва (Групацијата), во рамки на Здружението на финансиските организации при Стопанската комора на Северна Македонија. Овој Кодекс стапува во сила на 16.06.2025 година.
 

Назад кон сите

Аплицирај за кредит
Прочитај повеќе
Осмиот добитник во наградната игра на Креди ЈЕС

Осмиот добитник во наградната игра на Креди ЈЕС

Го имаме и последниот добитник во наградната игра. Честитки за И. Змејковски од Гостивар!  Уште еднаш, им ...

повеќе детали
Брз онлајн кредит од Креди Јес – инвестирање во својата иднина

Брз онлајн кредит од Креди Јес – инвестирање во својата иднина

Причини да подигнете брз онлајн кредит во Креди Јес – инвестирање во својата иднина Во современиот свет, каде ...

повеќе детали
Подигнување брзи кредити до плата - зошто да се доверите на Креди Јес

Подигнување брзи кредити до плата - зошто да се доверите на Креди Јес

Подигнување на брзи кредити до плата од Креди Јес - Услови во корист на клиентот  Услугата „Брзи кредити ...

повеќе детали
Подигнување на кредити – причина за нивната популарност

Подигнување на кредити – причина за нивната популарност

Подигнување на кредити – причина за нивната популарност Во изминативе години, праксата за подигнување на ...

повеќе детали
5 сигурни начини за штедење на пари

5 сигурни начини за штедење на пари

5 сигурни начини за штедење на пари кои можете секојдневно да ги користите Во денешно време, да се заштедат пари е ...

повеќе детали
Седмиот добитник во наградната игра на Креди ЈЕС

Седмиот добитник во наградната игра на Креди ЈЕС

Веќе го имаме и седмиот добитник. Претпоследниот ТВ го освои T. Китановска од филијала Битола. Честитки за среќната ...

повеќе детали
Ефективни стратегии за штедење во секојдневието

Ефективни стратегии за штедење во секојдневието

Стратегии за заштеда на пари поврзани со однесувањето на потрошувачите Во денешниот свет со брзо темпо, разбирањето ...

повеќе детали
Четвртиот добитник на наградната игра „Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од Креди ЈЕС“

Четвртиот добитник на наградната игра „Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од Креди ЈЕС“

Во Креди Јес, продолжуваме со награди! Би сакале да Ве известиме дека го имаме четвртиот добитник во наградната игра ...

повеќе детали
Причини да подигнете брз онлајн кредит од Креди Jес

Причини да подигнете брз онлајн кредит од Креди Jес

Причини да подигнете брз онлајн кредит од Креди јес - доверете ни се и секоја шанса претворете ја во реалност Во Креди ...

повеќе детали
Одговорност

и професионално кредитирање

Доверба

најдобри совети и грижа за Вас

Приоритет

Ваш прв избор за кредитирање

Брзина

кредит во најкус можен рок