15 250

телефонски број

Влези на час со CrediYES

Влези на час со CrediYES

Влези на час со CrediYES

Подигни кредит во текот на септември и добиј подарок ранец

Повторно е септември – повторно е време за училиште. Со почетокот на новата учебна година, започнува кампањата „Влези на час со CrediYES“, насочена кон сите клиенти, кои ќе подигнат кредит во периодот од 01.09.2025 до 30.09.2025 год. Секое лице кое ќе ги користи продуктите на Креди Јес, на подарок ќе добие практичен и модерен ранец.

Иницијативата произлегува од духот на септември – месец во којшто учениците и студентите повторно се враќаат во клупите. Нашата цел е секогаш да бидеме поткрепа на семејствата, но и на сите оние кои се подготвуваат за новата сезона со нови планови и цели. Со ранецот што го подаруваме, сакаме симболично да покажеме дека заедно тргнуваме по патот на нови можности и знаења. Септември е време за нови почетоци и веруваме дека нашата кампања ќе ги инспирира клиентите смело да чекорат по својот пат.
Кампањата е валидна во текот на целиот месец септември или до искористување на количествата и е достапна за сите клиенти кои ќе подигнат кредит. Повеќе информации можете да добиете во сите наши филијали или на тел.: 15 250. 

Влези на час со CrediYES без стрес! 
 

ОПШТИ УСЛОВИ

На кампањата „Влези на час со CrediYES“
 

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Овие ОПШТИ УСЛОВИ (во понатамошниот текст: „ОУ“) ги регулираат правилата за спроведување на кампањата „Влези на час со CrediYES“, (во понатамошниот текст: „КАМПАЊА“).

Овие ОУ се изготвени согласно важечкото законодавство на Република Северна Македонија и ќе бидат објавени во текот на целиот период на КАМПАЊАТА на официјалната веб страна на ОРГАНИЗАТОРОТ - https://crediyes.mk/ 
 

II. ОРГАНИЗАТОР

Организатор на КАМПАЊАТА е „Креди Јес” ДОО, ЕМБС 7396384, со седиште и адреса на ул. Јуриј Гагарин бр.17, Скопје, Република Северна Македонија, (во понатамоштниот текст: „ОРГАНИЗАТОР“).
 

III. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Учество во КАМПАЊАТА и право на подарок имаат сите клиенти кои подигнале кредит во периодот од 01.09.2025 до 30.09.2025 год. или до искористување на количеството. Подароците се доделуваат по принципот прв дојден – прв услужен.

За учество во КАМПАЊАТА не е неопходно вршење на дополнителна регистрација или пополнување на какви било дополнителни формулари, различни од оние потребни при аплицирање и подигнување на кредит, согласно Општите услови за подигнување на кредит, определени од ОРГАНИЗАТОРОТ.
 

IV. ПОДАРОЦИ

ПОДАРОКОТ за секој клиент е брендиран спортски ранец.

Клиентите ќе го подигнат својот подарок од ОРГАНИЗАТОРОТ лично или преку фирма за достава на адреса наведена од нив самите. Врачувањето на ПОДАРОКОТ може да биде снимено за маркетинг цели на ОРГАНИЗАТОРОТ.

Снимањето и објавувањето на фотографии или видеа при врачување на подарокот ќе се врши само со претходна, согласност на клиентот, во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

ПОДАРОКОТ не може да биде заменет со неговата парична противвредност или друга награда.

ОРГАНИЗАТОРОТ не ги презема транспортните и други трошоци на клиентот во врска со добивањето на подарокот и не сноси одговорност за такси и даноци во врска со истиот.
 

VI. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ 

Организаторот ќе ги обработува личните податоци на клиентите исклучиво за целите на реализација на кампањата, во согласност со важечкиот Закон за заштита на личните податоци.

Сите податоци ќе бидат третирани како доверливи и нема да бидат споделени со трети страни без соодветна законска основа и согласност.
 

VII. ЗАКЛУЧНИ ОДРЕДБИ

КАМПАЊАТА може да биде прекината од страна на ОРГАНИЗАТОРОТ во случај на виша сила, фактори кои не зависат од него или неможност да се продолжи истата. Во тој случај, клиентите нема да добијат каква било компензација.

ОРГАНИЗАТОРОТ еднострано ги определува правилата и условите, според кои се спроведува КАМПАЊАТА и има право да ги менува и дополнува по сопствена проценка во секое време.

Измените и дополнувањата на ОУ стапуваат на сила од моментот на објавувањето на ВЕБ СТРАНАТА на ОРГАНИЗАТОРОТ.

Секој спор помеѓу ОРГАНИЗАТОРОТ и УЧЕСНИЦИТЕ, којшто произлегува од КАМПАЊАТА, се решава по спогодбен пат помеѓу страните, а при непостигнување согласност – по судски пат.

Со учество во КАМПАЊАТА, УЧЕСНИЦИТЕ се согласуваат да се придржуваат кон овие ОУ.

Овие Општи услови стапуваат на сила од моментот на објавување на официјалната веб страна на ОРГАНИЗАТОРОТ.
 

Назад кон сите

Аплицирај за кредит
Прочитај повеќе
Петтиот добитник во наградната игра „Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од Креди ЈЕС“

Петтиот добитник во наградната игра „Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од Креди ЈЕС“

Креди Јес повторно наградува! Со задоволство Ве известуваме дека го имаме петтиот  добитник во наградната ...

повеќе детали
Кредити на рати - основни карактеристики

Кредити на рати - основни карактеристики

Кредити на рати – што претставуваат Кредити на рати ги нарекуваме кредитите чија отплата не се врши одеднаш, ...

повеќе детали
Креди Jec е дел од Групацијата на небанкарски финансиски друштва

Креди Jec е дел од Групацијата на небанкарски финансиски друштва

Со огромно задоволство Ве информираме дека Креди Jec е дел од Групацијата на небанкарски финансиски друштва при ...

повеќе детали
Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од Креди ЈЕС

Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од Креди ЈЕС

Креди Јес ќе ги израдува своите клиенти за ЕВРО 2024 со осум 43" Смарт TV.  Сите клиенти кои подигнале ...

повеќе детали
Причини да подигнете брз онлајн кредит од Креди Јес

Причини да подигнете брз онлајн кредит од Креди Јес

Причини да подигнете брз онлајн кредит од Креди Јес - реализација на своите планови Во денешно време, постојат многу ...

повеќе детали
Брз онлајн кредит од Креди Јес – инвестирање во својата иднина

Брз онлајн кредит од Креди Јес – инвестирање во својата иднина

Причини да подигнете брз онлајн кредит во Креди Јес – инвестирање во својата иднина Во современиот свет, каде ...

повеќе детали
На што треба да внимавате при изборот на поволни брзи кредити

На што треба да внимавате при изборот на поволни брзи кредити

На што треба да внимавате при изборот на поволни брзи кредити Има неколку нешта на кои е добро да внимавате при ...

повеќе детали
Првиот добитник на наградната игра „Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од Креди ЈЕС“

Првиот добитник на наградната игра „Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од Креди ЈЕС“

Со задоволство Ве известуваме дека го имаме првиот добитник во наградната игра „Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од ...

повеќе детали
Кредити на рати – зошто да се доверите на Креди Јес

Кредити на рати – зошто да се доверите на Креди Јес

Кредити на рати – зошто да се доверите на Креди Јес Кредити на рати од Креди Јес: Широка и разновидна понуда ...

повеќе детали
Одговорност

и професионално кредитирање

Доверба

најдобри совети и грижа за Вас

Приоритет

Ваш прв избор за кредитирање

Брзина

кредит во најкус можен рок