телефонски број
Оваа политика за колачиња на ФД КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје ги опишува различните типови колачиња што се користат на нашата веб-страница www.crediyes.mk. Во зависност од локацијата на која пристапувате, нашата Политика за приватност се применува и ја надополнува оваа Политика за колачиња.
Колачиња (cookies) се мали текстуални датотеки што се сместуваат во вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате. Колачиња (cookies) можат да бидат постојани или привремени.
Постојаните cookies остануваат на вашиот компјутер и тогаш кога ќе го исклучите пребарувачот, а привремените cookies се бришат штом го затворите интернет пребарувачот.
Cookies се користат за различни цели, како на пример за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже навигациска историја на истата, потоа за да се запомнат активностите и преференции на корисникот (вклучувања, јазични преференции, големина на фонт или приказ на веб страницата).
На оваа веб-страница користиме колачиња (cookies) од следниве причини:
На интернет страницата www.crediyes.mk се користат постојани колачиња (cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот. Исто така користиме и колачиња на функционалност кои ѝ овозможуваат на страницата да го сочува изборот што сте го направиле и да ви обезбеди подобри и поперсонализирани можности. Во оваа категорија можат да бидат вклучени и колачиња од трета страна. Корисници сме и на колачиња за аналитика кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната. Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.
Информациите поврзани со колачињата (cookies), не се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работа на веб страницата, но истите ќе Ви овозможат подобро искуство во пребарувањето. Ако сакате, овие колачиња (cookies) можете да ги избришете или блокирате, но ако го сторите тоа некои карактеристики на оваа веб страна можеби нема да работат правилно.
Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги нагодите интернет пребарувачите за нивно спречување. Ако го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога посетувате веб страна, а исто така можно е да не работат и некои услуги и функционалноста.
Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, и тие во секој момент можат да бидат избришани од компјутерот на посетителот. Колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страницата во некои случаи.
и професионално кредитирање
најдобри совети и грижа за Вас
Ваш прв избор за кредитирање
кредит во најкус можен рок