НА ФД КРЕДИ ЈЕС ДОО СКОПЈЕ
(во сила од 17.03.2026 г.)
Со овој Тарифник се пропишува висината на надоместокот за користење на финансиските услугите од Финансиско друштво КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје, а согласно чл. 19-а став 5 од Законот за финансиски друштва.
За користење на финансиските услуги, во зависност од одбраниот продукт, Финансиското друштво КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје наплаќа надоместок за:
| Реден број |
Вид на на доместок |
Висина на надоместок |
| 1. |
Надоместок за финансиско советување – дополнителна услуга која опфаќа обезбедување информации, насоки и препораки поврзани со изборот и користењето на кредитниот производ, како и толкување на условите и договорните права и обврски. |
до 45% од одобрениот износ на кредитот |
| 2. |
Можност за експресно одобрување на кредитот: Потрошувачот има опција да бара неговата кредитна апликација да се процесира со приоритет (експресно процесирање). |
15% од одобрениот износ на кредитот |
Забелешки:
1. Вредностите, предмет на овој Тарифник се изразени како процент или во апсолутен износ, и истите произлегуваат од Договорот за потрошувачки кредит, со исклучок на трошоците настанати во постапката за извршување и законската казнена камата, а во смисла на член 19-а став 2 од Законот за финансиски друштва.
2. Во рамки на надоместоците (тарифите) се вклучени сите трошоци кои потрошувачот ги плаќа или има обврска да ги плати во текот на целиот период на важност на договорот и наплатата на надоместокот се врши месечно.
3. Под надоместоци во смисла на овој Тарифник не се подразбираат трошоците кои влегуваат во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) со кои потрошувачот е задолжен во смисла на одредбите за СВТ уредени со Закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.
4. Услугите експресно одобрување на апликацијата за кредит и финансиско советување претставуваат дополнителни и доброволни услуги кои Потрошувачот може да ги избере по сопствена волја. Користењето на овие услуги не претставува услов за поднесување, разгледување или одобрување на кредитната апликација, ниту влијае на одлуката за одобрување на кредитот. Потрошувачот има можност да поднесе апликација за кредит и да склучи договор за кредит и без користење на наведените услуги, при што истите се избираат исклучиво по изречно барање на Потрошувачот.