Општи услови и Официјални правила ...

Општи услови и Официјални правила на Инстаграм подарувањето „Летни Мигови со CrediYES – Giveaway“

Општи услови и Официјални правила на Инстаграм подарувањето „Летни Мигови со CrediYES – Giveaway“

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Овие Општи услови и Официјални правила ги регулираат правилата за спроведување на Инстаграм подарувањето „Летни Мигови со CrediYES – Giveaway“ (во понатамошниот текст „дарување“).

Овие Општи услови се составени во согласност со важечкиот Закон за облигациони односи и не претставуваат правила на игра на среќа, ниту подарувањето претставува наградна игра во стока и услуги или било која друга игра на среќа, во смисла на одредбите на важечкиот Закон за игри на среќа, меѓу другото, бидејќи потенцијалните учесници нема да се бара да извршат посреден или непосредна услов за да стекнат право на учество во подарувањето, односно статус на учесник.

Времетраење на дарувањето: 18.08.2025 - 25.08.2025 год.

Во дарувањето можат да учествуваат сите полнолетни физички лица, државјани на Република Северна Македонија, со исклучок на вработените во „Креди Јес“ ДОО, како и членовите на нивните семејства.

За да учествуваат во дарувањето, учесниците треба да:

Еден учесник може да учествува повеќе од еднаш, „тагнувајќи“ (наведувајќи во коментар) повеќе различни луѓе.

Учеството во дарувањето НЕ Е обврзано со користење на услугите на компанијата.

Ако даден учесник не се придржува до неопходните услови за учество во дарувањето, "Креди Јес" ДОО го задржува правото да не го вклучи во извлекување на наградата.

Во случај, даден учесник да сака да го прекине учеството во дарувањето и/или не сака да добива информации во врска со истото, треба писмено да го извести организаторот преку e-mail: [email protected], со тоа што треба да го наведе профилот со кој се регистрирал.

Забрането е користење на секакви методи кои на еден или друг начин „автоматски“ наместо самите учесници лично, ги вклучуваат истите во дарувањето и други слични злоупотреби. Секој учесник кој ќе се обиде да ги прекрши правилата, автоматски ќе биде дисквалификуван од страна на организаторот. Решението за дисквалификација е дискреционо право на организаторот, кој не должи објаснување за начините на определениот обид за прекршување на правилата на дарувањето или реално нарушување на правилата на истото.

Прекршувањето изречно вклучува дејства на:

Организаторот има апсолутно право да го прекине дарувањето во секој момент, во случај на злоупотреба, прекршување на правилата или поради околности на виша сила, без да должи никаква обештета кон учесниците.

Учесниците се должни да се придржуваат кон Општите услови и Официјалните правила на дарувањето. Придржувајќи се кон условите на дарувањето, учесниците изречно се согласуваат кон истите. 


ОРГАНИЗАТОР

Организатор на дарувањето е „Креди Јес“ ДОО, ЕМБС 7396384, со седиште и адреса на ул., Јуриј Гагарин бр.17, во понатамошниот текст „ОРГАНИЗАТОР“.


ИЗВЛЕКУВАЊЕ И ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИКОТ

Добитникот ќе биде извлечен по случаен избор, преку специјализиран софтвер, до 27.08.2025 год.

Објавувањето на добитникот ќе биде во облик на стори, кое ќе се објави на профилот на Креди Јес– crediyes.mk на Инстаграм до 27.08.2025 год.

За да ја подигне наградата, добитникот треба да го контактира „Креди Јес“ ДОО во рок до 28.08.2025 год. по објавувањето на истиот, за да достави адреса за подигнување на наградата. Тоа може да го направи на тел.: 15 250 (достапен за целата држава, по тарифа на повик според видот на телефонската претплата што ја користите) или на e-mail адреса: [email protected]. Ако не го направи истото, го губи правото да ја подигне наградата.

Подигнувањето на наградата од страна на добитникот се извршува со испраќање на истата на адресата наведена од негова страна, на територијата на Република Северна Македонија, за сметка на „Креди Јес“ ДОО. При одбивање од страна на добитникот да го потврди својот идентитет при достава на наградата од страна на службата за достава, истиот го губи правото да ја подигне и нема да му биде врачена. Наградата се доставува согласно работното време на службата за достава. Организаторот не сноси одговорност за оштетување на наградата при транспорт, поради небрежност од страна на службата за достава.

Огранизаторот не сноси одговорност, во случај учесникот да доставил невалидни податоци за контакт, нецелосна или неточна адреса, погрешно име, непостоечки или деактивиран Инстаграм профил.


НАГРАДA 

1 парче лулашка тип „хамок“ 

Не се дозволува замена на наградата со нејзината парична противвредност или со друга награда. Не е дозволено префрлање на наградата на име на трети лица.
 

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Организаторот има право јавно да ги објави добитниците, ако тоа го направи на начин кој не ги разоткрива нивните лични податоци, со исклучок на корисничкото име со кое се регистрирани на својот Инстаграм профил, со кој учествуваат во дарувањето.

Сите учесници даваат согласност за собирање и чување на личните податоци со цел учество во дарувањето – извлекување на добитникот во дарувањето и доставување на наградите. Личните податоци на Учесниците, односно на Добитниците, ќе бидат обработувани согласно со Законот за заштита на личните податоци („Сл.весник на РСМ“, бр.42/20, во понатамошниот текст: „Закон“) и овие Општи услови, од страна на Организаторот како контролор со лични податоци.

Организаторот на дарувањето не е должен да води кореспонденција со учесниците кои не се добитници на награда.

Организаторот не сноси одговорност при околности на виша сила и/или „багови“ во информатичките системи, кои го спречуваат нормалното спроведување на дарувањето и/или испораката на наградите.

Евентуалните спорови кои можат да произлезат помеѓу Организаторот на дарувањето и учесниците во истата се решаваат по пат на преговори или во краен случај при неможност да се постигне согласност – преку надлежен орган.

„Креди Јес“ ДОО го задржува правото да го промени времетраењето на играта, ако поради непредвидени околности не може да ја активира промоцијата и/или да ја прекине во целост.

Организаторот на дарувањето има право да ги дополнува и менува Општите услови и Официјалните правила во секој момент, а промените стапуваат на сила по нивно објавување на www.crediyes.mk.

Овие Општи услови и Официјални правила стапуваат на сила од моментот на нивното објавување на www.crediyes.mk и важат низ целиот период на одржување на ова дарување.

Назад кон сите

Аплицирај за кредит
Прочитај повеќе
Четвртиот добитник на наградната игра „Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од Креди ЈЕС“

Четвртиот добитник на наградната игра „Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од Креди ЈЕС“

Во Креди Јес, продолжуваме со награди! Би сакале да Ве известиме дека го имаме четвртиот добитник во наградната игра ...

повеќе детали
Општи услови и Официјални правила на Инстаграм подарувањето „Возбудливо патување со CrediYES – Giveaway“

Општи услови и Официјални правила на Инстаграм подарувањето „Возбудливо патување со CrediYES – Giveaway“

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО Овие Општи услови и Официјални правила ги регулираат правилата за спроведување на ...

повеќе детали
На што треба да внимавате при изборот на поволни брзи кредити

На што треба да внимавате при изборот на поволни брзи кредити

На што треба да внимавате при изборот на поволни брзи кредити Има неколку нешта на кои е добро да внимавате при ...

повеќе детали
Брз онлајн кредит од Креди Јес – инвестирање во својата иднина

Брз онлајн кредит од Креди Јес – инвестирање во својата иднина

Причини да подигнете брз онлајн кредит во Креди Јес – инвестирање во својата иднина Во современиот свет, каде ...

повеќе детали
Ефективни стратегии за штедење во секојдневието

Ефективни стратегии за штедење во секојдневието

Стратегии за заштеда на пари поврзани со однесувањето на потрошувачите Во денешниот свет со брзо темпо, разбирањето ...

повеќе детали
Креди Јес со целосно нови продукти

Креди Јес со целосно нови продукти

Креди Јес со задоволство Ве известува дека воведовме целосно нови продукти, како современо решение за сите Ваши ...

повеќе детали
Подигнување брзи кредити до плата - зошто да се доверите на Креди Јес

Подигнување брзи кредити до плата - зошто да се доверите на Креди Јес

Подигнување на брзи кредити до плата од Креди Јес - Услови во корист на клиентот  Услугата „Брзи кредити ...

повеќе детали
5 сигурни начини за штедење на пари

5 сигурни начини за штедење на пари

5 сигурни начини за штедење на пари кои можете секојдневно да ги користите Во денешно време, да се заштедат пари е ...

повеќе детали
Подигнување на кредити – причина за нивната популарност

Подигнување на кредити – причина за нивната популарност

Подигнување на кредити – причина за нивната популарност Во изминативе години, праксата за подигнување на ...

повеќе детали