Општи услови и Официјални правила ...

Општи услови и Официјални правила на Инстаграм подарувањето „Возбудливо патување со CrediYES – Giveaway“

Општи услови и Официјални правила на Инстаграм подарувањето „Возбудливо патување со CrediYES – Giveaway“

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Овие Општи услови и Официјални правила ги регулираат правилата за спроведување на Инстаграм подарувањето „Возбудливо патување со CrediYES – Giveaway“ (во понатамошниот текст „дарување“).

Овие Општи услови се составени во согласност со важечкиот Закон за облигациони односи и не претставуваат правила на игра на среќа, ниту подарувањето претставува наградна игра во стока и услуги или било која друга игра на среќа, во смисла на одредбите на важечкиот Закон за игри на среќа, меѓу другото, бидејќи потенцијалните учесници нема да се бара да извршат посреден или непосреден услов за да стекнат право на учество во подарувањето, односно статус на учесник.

Времетраење на дарувањето: 17.11.2025 - 27.11.2025 год.

Во дарувањето можат да учествуваат сите полнолетни физички лица, државјани на Република Северна Македонија, со исклучок на вработените во „Креди Јес“ ДОО, како и членовите на нивните семејства.

За да учествуваат во дарувањето, учесниците треба да:

Учеството во дарувањето НЕ Е обврзано со користење на услугите на компанијата.

Ако даден учесник не се придржува до неопходните услови за учество во дарувањето, "Креди Јес" ДОО го задржува правото да не го вклучи во извлекување на наградата.

Во случај, даден учесник да сака да го прекине учеството во дарувањето и/или не сака да добива информации во врска со истото, треба писмено да го извести организаторот преку e-mail: [email protected], со тоа што треба да го наведе профилот со кој се регистрирал.

Забрането е користење на секакви методи кои на еден или друг начин „автоматски“ наместо самите учесници лично, ги вклучуваат истите во дарувањето и други слични злоупотреби. Секој учесник кој ќе се обиде да ги прекрши правилата, автоматски ќе биде дисквалификуван од страна на организаторот. Решението за дисквалификација е дискреционо право на организаторот, кој не должи објаснување за начините на определениот обид за прекршување на правилата на дарувањето или реално нарушување на правилата на истото.

Прекршувањето изречно вклучува дејства на:
Организаторот има апсолутно право да го прекине дарувањето во секој момент, во случај на злоупотреба, прекршување на правилата или поради околности на виша сила, без да должи никаква обештета кон учесниците.

Учесниците се должни да се придржуваат кон Општите услови и Официјалните правила на дарувањето. Придржувајќи се кон условите на дарувањето, учесниците изречно се согласуваат кон истите. 

ОРГАНИЗАТОР

Организатор на дарувањето е „Креди Јес“ ДОО, ЕМБС 7396384, со седиште и адреса на ул., Јуриј Гагарин бр.17, во понатамошниот текст „ОРГАНИЗАТОР“.

ИЗВЛЕКУВАЊЕ И ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИКОТ

Добитникот ќе биде извлечен по случаен избор, преку специјализиран софтвер, до 01.12.2025 год.

Објавувањето на добитникот ќе биде во облик на стори, кое ќе се објави на профилот на Креди Јес– crediyes.mk на Инстаграм до 01.12.2025 год.

За да ја подигне наградата, добитникот треба да го контактира „Креди Јес“ ДОО во рок до 03.12.2025 год. по објавувањето на истиот, за да достави адреса за подигнување на наградата. Тоа може да го направи на тел.: 15 250 (достапен за целата држава, по тарифа на повик според видот на телефонската претплата што ја користите) или на e-mail адреса: [email protected]. Ако не го направи истото, го губи правото да ја подигне наградата.

Подигнувањето на наградата од страна на добитникот се извршува со испраќање на истата на адресата наведена од негова страна, на територијата на Република Северна Македонија, за сметка на „Креди Јес“ ДОО. При одбивање од страна на добитникот да го потврди својот идентитет при достава на наградата од страна на службата за достава, истиот го губи правото да ја подигне и нема да му биде врачена. Наградата се доставува согласно работното време на службата за достава. Организаторот не сноси одговорност за оштетување на наградата при транспорт, поради небрежност од страна на службата за достава.

Огранизаторот не сноси одговорност, во случај учесникот да доставил невалидни податоци за контакт, нецелосна или неточна адреса, погрешно име, непостоечки или деактивиран Инстаграм профил.

НАГРАДA 

1 парче термо-чаша

Не се дозволува замена на наградата со нејзината парична противвредност или со друга награда. Не е дозволено префрлање на наградата на име на трети лица.
 

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Организаторот има право јавно да ги објави добитниците, ако тоа го направи на начин кој не ги разоткрива нивните лични податоци, со исклучок на корисничкото име со кое се регистрирани на својот Инстаграм профил, со кој учествуваат во дарувањето.

Сите учесници даваат согласност за собирање и чување на личните податоци со цел учество во дарувањето – извлекување на добитникот во дарувањето и доставување на наградите. Личните податоци на Учесниците, односно на Добитниците, ќе бидат обработувани согласно со Законот за заштита на личните податоци („Сл.весник на РСМ“, бр.42/20, во понатамошниот текст: „Закон“) и овие Општи услови, од страна на Организаторот како контролор со лични податоци.

Организаторот на дарувањето не е должен да води кореспонденција со учесниците кои не се добитници на награда.

Организаторот не сноси одговорност при околности на виша сила и/или „багови“ во информатичките системи, кои го спречуваат нормалното спроведување на дарувањето и/или испораката на наградите.

Евентуалните спорови кои можат да произлезат помеѓу Организаторот на дарувањето и учесниците во истата се решаваат по пат на преговори или во краен случај при неможност да се постигне согласност – преку надлежен орган.

„Креди Јес“ ДОО го задржува правото да го промени времетраењето на дарувањето, ако поради непредвидени околности не може да ја активира промоцијата и/или да ја прекине во целост.

Организаторот на дарувањето има право да ги дополнува и менува Општите услови и Официјалните правила во секој момент, а промените стапуваат на сила по нивно објавување на www.crediyes.mk.

Овие Општи услови и Официјални правила стапуваат на сила од моментот на нивното објавување на www.crediyes.mk и важат низ целиот период на одржување на ова дарување.

Назад кон сите

Аплицирај за кредит
Прочитај повеќе
Брзи онлајн кредити без докажување на приход - зошто да се доверите на Креди Јес

Брзи онлајн кредити без докажување на приход - зошто да се доверите на Креди Јес

Брзи онлајн кредити без докажување на приход – зошто да се доверите на Креди Јес Брзи онлајн кредити без ...

повеќе детали
Ефективни стратегии за штедење во секојдневието

Ефективни стратегии за штедење во секојдневието

Стратегии за заштеда на пари поврзани со однесувањето на потрошувачите Во денешниот свет со брзо темпо, разбирањето ...

повеќе детали
На што треба да внимавате при изборот на поволни брзи кредити

На што треба да внимавате при изборот на поволни брзи кредити

На што треба да внимавате при изборот на поволни брзи кредити Има неколку нешта на кои е добро да внимавате при ...

повеќе детали
Инстаграм подарувањето „Вкусни мигови со CrediYES"

Инстаграм подарувањето „Вкусни мигови со CrediYES"

Општи услови и Официјални правила на Инстаграм подарувањето „Вкусни мигови со CrediYES – ...

повеќе детали
Влези на час со CrediYES

Влези на час со CrediYES

Подигни кредит во текот на септември и добиј подарок ранец Повторно е септември – повторно е време за ...

повеќе детали
Подигнување брзи кредити до плата - зошто да се доверите на Креди Јес

Подигнување брзи кредити до плата - зошто да се доверите на Креди Јес

Подигнување на брзи кредити до плата од Креди Јес - Услови во корист на клиентот  Услугата „Брзи кредити ...

повеќе детали
Брзи онлајн кредити на месечни рати - што претставуваат

Брзи онлајн кредити на месечни рати - што претставуваат

Брзи онлајн кредити на месечни рати - кој ги нуди  Брзите онлајн кредити на месечни рати се нудат како услуга ...

повеќе детали
Брзи кредити до плата - како можат да Ви помогнат во време на инфлација

Брзи кредити до плата - како можат да Ви помогнат во време на инфлација

Брзи кредити до плата - поим и карактеристики  Пред да Ве запознаеме со предностите на услугата „Брз ...

повеќе детали
5 грешки кои треба да ги избегнеш при подигнување на потрошувачки кредит

5 грешки кои треба да ги избегнеш при подигнување на потрошувачки кредит

Подигнувањето на потрошувачки кредит може да биде корисно решение во различни животни ситуации – од реновирање, ...

повеќе детали