Инстаграм подарувањето „Вкусни ...

Инстаграм подарувањето „Вкусни мигови со CrediYES"

Инстаграм подарувањето „Вкусни мигови со CrediYES"

Општи услови и Официјални правила

на Инстаграм подарувањето „Вкусни мигови со CrediYES – Giveaway“


ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Овие Општи услови и Официјални правила ги уредуваат правилата за спроведување на Инстаграм дарувањето „Вкусни мигови со CrediYES – Giveaway“ (во понатамошниот текст: „Дарување“).

Овие Општи услови се составени во согласност со важечкиот Закон за облигациони односи и не претставуваат правила на игра на среќа, ниту Дарувањето претставува наградна игра во стока и услуги или било која друга игра на среќа, во смисла на одредбите од важечкиот Закон за игри на среќа, меѓу другото, бидејќи од потенцијалните учесници не се бара да исполнат посреден или непосреден услов за да стекнат право на учество во Дарувањето, односно статус на учесник.

Времетраење на Дарувањето: 01.02.2026 – 10.02.2026 година.

Во Дарувањето можат да учествуваат сите полнолетни физички лица, државјани на Република Северна Македонија, со исклучок на вработените во „Креди Јес“ ДОО, како и членовите на нивните потесни семејства.


НАЧИН НА УЧЕСТВО

За да учествуваат во Дарувањето, учесниците треба да ги исполнат следните услови:
Еден учесник може да учествува повеќепати, со тоа што ќе „тагнува“ различни лица во повеќе коментари.

Учеството во Дарувањето НЕ Е условено со користење на услугите на компанијата.

Доколку некој учесник не се придржува до условите за учество, „Креди Јес“ ДОО го задржува правото да не го вклучи истиот во извлекувањето на наградата.

Доколку учесникот сака да го прекине учеството во Дарувањето и/или не сака да добива информации во врска со истото, потребно е писмено да го извести Организаторот преку е-пошта на [email protected], при што задолжително треба да го наведе Инстаграм профилот со кој учествува.

Забрането е користење на какви било методи кои автоматски или на друг начин го заменуваат личното и индивидуално учество на учесникот, како и било какви злоупотреби.

Секој учесник кој ќе се обиде да ги прекрши правилата ќе биде автоматски дисквалификуван. Одлуката за дисквалификација е дискреционо право на Организаторот, без обврска за дополнително образложение.

Прекршувањата, меѓу другото, вклучуваат:
Организаторот го задржува правото да го прекине Дарувањето во секој момент, во случај на злоупотреба, прекршување на правилата или поради околности на виша сила, без обврска за надомест на штета.

Учесниците се должни да се придржуваат кон Општите услови и Официјалните правила на дарувањето. Придржувајќи се кон условите на дарувањето, учесниците изречно се согласуваат кон истите


ОРГАНИЗАТОР

Организатор на Дарувањето е „Креди Јес“ ДОО, ЕМБС 7396384, со седиште и адреса на ул. „Јуриј Гагарин“ бр. 17, Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: „Организатор“).


ИЗВЛЕКУВАЊЕ И ОБЈАВУВАЊЕ НА ДОБИТНИКОТ

Добитникот ќе биде извлечен по случаен избор, преку специјализиран софтвер, најдоцна до 12.02.2026 година.

Објавувањето на добитникот ќе се изврши преку Инстаграм стори на официјалниот профил Креди Јес – crediyes.mk, најдоцна до 12.02.2026 година.

За да ја подигне наградата, добитникот треба да го контактира „Креди Јес“ ДОО во рок до 13.02.2026 год. по објавувањето на истиот, за да достави адреса за подигнување на наградата. Тоа може да го направи на тел.: 15 250 (достапен за целата држава, по тарифа на повик според видот на телефонската претплата што ја користите) или на e-mail адреса: [email protected]. Ако не го направи истото, го губи правото да ја подигне наградата.

Подигнувањето на наградата од страна на добитникот се извршува со испраќање на истата на адресата наведена од негова страна, на територијата на Република Северна Македонија, за сметка на „Креди Јес“ ДОО. При одбивање од страна на добитникот да го потврди својот идентитет при достава на наградата од страна на службата за достава, истиот го губи правото да ја подигне и нема да му биде врачена. Наградата се доставува согласно работното време на службата за достава. Организаторот не сноси одговорност за оштетување на наградата при транспорт, поради небрежност од страна на службата за достава.

Огранизаторот не сноси одговорност, во случај учесникот да доставил невалидни податоци за контакт, нецелосна или неточна адреса, погрешно име, непостоечки или деактивиран Инстаграм профил.


НАГРАДА

3 (три) корпи со вино и чоколадо

Не се дозволува замена на наградата со нејзината парична противвредност или со друга награда. Не е дозволено префрлање на наградата на име на трети лица.


ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Организаторот има право јавно да ги објави добитниците, ако тоа го направи на начин кој не ги разоткрива нивните лични податоци, со исклучок на корисничкото име со кое се регистрирани на својот Инстаграм профил, со кој учествуваат во дарувањето.

Сите учесници даваат согласност за собирање и чување на личните податоци со цел учество во дарувањето – извлекување на добитникот во дарувањето и доставување на наградите. Личните податоци на Учесниците, односно на Добитниците, ќе бидат обработувани согласно со Законот за заштита на личните податоци („Сл.весник на РСМ“, бр.42/20, во понатамошниот текст: „Закон“) и овие Општи услови, од страна на Организаторот како контролор со лични податоци.

Организаторот на дарувањето не е должен да води кореспонденција со учесниците кои не се добитници на награда.

Организаторот не сноси одговорност при околности на виша сила и/или „багови“ во информатичките системи, кои го спречуваат нормалното спроведување на дарувањето и/или испораката на наградите.

Евентуалните спорови се решаваат по пат на договор, а доколку тоа не е можно – пред надлежен суд во Република Северна Македонија.

„Креди Јес“ ДОО го задржува правото да го промени времетраењето на играта, ако поради непредвидени околности не може да ја активира промоцијата и/или да ја прекине во целост.

Организаторот на дарувањето има право да ги дополнува и менува Општите услови и Официјалните правила во секој момент, а промените стапуваат на сила по нивно објавување на www.crediyes.mk.

Овие Општи услови и Официјални правила стапуваат на сила од моментот на нивното објавување на www.crediyes.mk и важат низ целиот период на одржување на ова дарување.
 

Назад кон сите

Прочитај повеќе
Седмиот добитник во наградната игра на Креди ЈЕС

Седмиот добитник во наградната игра на Креди ЈЕС

Веќе го имаме и седмиот добитник. Претпоследниот ТВ го освои T. Китановска од филијала Битола. Честитки за среќната ...

повеќе детали
Брзи онлајн кредити без докажување на приход - што треба да знаеме за оваа услуга

Брзи онлајн кредити без докажување на приход - што треба да знаеме за оваа услуга

Брзи онлајн кредити без докажување на приход Кога зборуваме за услугата „Брзи онлајн кредити без докажување ...

повеќе детали
Поволни брзи кредити - зошто да се доверите на Креди Јес

Поволни брзи кредити - зошто да се доверите на Креди Јес

Поволни брзи кредити од Креди Јес – Широка понуда Тимот на Креди Јес има разработено широка понуда од ...

повеќе детали
Ефективни стратегии за штедење во секојдневието

Ефективни стратегии за штедење во секојдневието

Стратегии за заштеда на пари поврзани со однесувањето на потрошувачите Во денешниот свет со брзо темпо, разбирањето ...

повеќе детали
Првиот добитник на наградната игра „Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од Креди ЈЕС“

Првиот добитник на наградната игра „Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од Креди ЈЕС“

Со задоволство Ве известуваме дека го имаме првиот добитник во наградната игра „Гледај ЕВРО 2024 со телевизор од ...

повеќе детали
Подигнување на брзи онлајн кредити на месечни рати - зошто да се доверите на Креди Јес

Подигнување на брзи онлајн кредити на месечни рати - зошто да се доверите на Креди Јес

Креди Јес Ви нуди навистина широк избор на брзи онлајн кредити на месечни рати. Брзите онлајн кредити на месечни рати ...

повеќе детали
Подигнување на кредити – причина за нивната популарност

Подигнување на кредити – причина за нивната популарност

Подигнување на кредити – причина за нивната популарност Во изминативе години, праксата за подигнување на ...

повеќе детали
Осмиот добитник во наградната игра на Креди ЈЕС

Осмиот добитник во наградната игра на Креди ЈЕС

Го имаме и последниот добитник во наградната игра. Честитки за И. Змејковски од Гостивар!  Уште еднаш, им ...

повеќе детали
Брзи онлајн кредити на месечни рати - што претставуваат

Брзи онлајн кредити на месечни рати - што претставуваат

Брзи онлајн кредити на месечни рати - кој ги нуди  Брзите онлајн кредити на месечни рати се нудат како услуга ...

повеќе детали