02 614 74 44

телефонски број

Општи услови

Општи услови

Финансиско друштво КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје

Даме Груев бр.3, 1000 Скопje

ДЕФИНИЦИИ
ЧЛЕН 1
(1) За целите на овие Општи услови одделни изрази кои се употребени го имаат следново значење:

– „Потрошувач“ е физичко лице кое склучува договор за потрошувачки кредит согласно со Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, а заради остварување на цели кои не се поврзани со вршење на неговата трговска, деловна или професионална дејност;
– „Кредитор“ е банка или друго трговско друштво и трговец поединец кое во рамките на својата регистрирана дејност, одобрува или ветува дека ќе одобри кредит на потрошувачот;
– „Кредит“ е пласирање на одреден износ на пари во замена за отплата на одобрениот и ненамирен износ, заедно со каматата или заедно со камата и провизијата пресметани на тој износ;
– „Вкупни трошоци на кредитот“ се сите трошоци, вклучувајќи камати, провизии, даноци и кои било други надоместоци во врска со договорот за потрошувачки кредит кои потрошувачот треба да ги плати при одобрувањето и редовната отплата на кредитот и кои му се познати на кредиторот, освен нотарските трошоци. Трошоците за дополнителни услуги поврзани со договорот за потрошувачки кредит, вклучувајќи ги и премиите за осигурување на кредитот, исто така влегуваат во вкупните трошоци на кредитот, доколку склучувањето на договор за дополнителни услуги е задолжително за добивање на кредитот или за негово добивање под назначените услови;
– „Годишна стапка на вкупни трошоци – СВТ“ се вкупните трошоци на кредитот, вклучувајќи ги и трошоците од членот 20 став (3) на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, доколку е применливо, изразени како годишен процент од вкупниот износ на кредитот. На потрошувачот му се издава преглед на парични текови за потребите на пресметката на СВТ;
– „Каматна стапка“ е каматна стапка изразена како фиксен или варијабилен процент искажан на годишна основа на искористениот дел од кредитот;
– „Фиксна каматна стапка“ значи дека кредиторот и потрошувачот се согласиле за една каматна стапка за времетраењето на договорот за потрошувачки кредит или за неколку камати на кредит за одделни периоди, изразени исклучиво во фиксен процент. Доколку во договорот за потрошувачки кредит не се определени сите каматни стапки, каматната стапка ќе се смета дека е фиксна само за одделните периоди за кои каматните стапки се утврдени исклучиво во фиксен процент за кој е постигната согласност при склучувањето на договорот за потрошувачки кредит;
– „Вкупен износ на кредит“ е горната граница на кредитот или вкупниот износ што му се става на располагање на потрошувачот согласно со договорот за потрошувачки кредит;
– „Траен медиум“ е секој инструмент што на потрошувачот му овозможува да ги складира информациите упатени лично до него на начин кој му овозможува користење на тие информации во одреден временски период соодветен на целта на информациите и кој дозволува неизменета репродукција на складираните информации.
– „Датум на доспевање” – е рокот во кој главниот долг и каматата треба да бидат исплатени од Потрошувачот, согласно Шемата на плаќање – Прилог 1 кон овој договор.
– „Рата” – износ од кредитниот производ, вклучувајќи го досепаниот дел од главницата, каматата и трошоците за одреден период, кој износ Потрошувачот ќе биде обврзан да го плати на одреден датум на доспевање, согласно Шема на плаќање – Прилог 1 кон овој договор;
– „Општи услови” – се условите под кои е склучен договорот за потрошувачки кредит и истите се составен дел на истиот;
– „Формулар со преддоговорни информации за понудените кредитни услови” – е образец кој содржи податоци за кредитниот производ, податоци за трошоците за кредитот и останати информации, кој му е претходно доставен на потрошувачот, согласно член 5 од Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити;
– „Апликација за потрошувачки кредит” – претставува стандардизирано барање за одобрување на кредит, одобрено од Кредиторот, доставено до истиот на еден од начините утврдени во овој договор (преку интернет страницата на Кредиторот, на e-mail адресата на Кредиторот, во седиштето на Кредиторот или во седиштето на подружниците на Кредиторот);
ДОГОВОР ЗА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ
ЧЛЕН 2
(1) Предмет на Договорот за потрошувачки кредит е одобрување на потрошувачки (готовински) кредит во форма на заем кој Кредиторот му го дава на Потрошувачот.

(2) Кредитот се дава на Потрошувачот во форма на заем со рок на плаќање наведен во Шема на плаќање – Прилог 1 на договорот.

(3) Потрошувачот се обврзува да го врати потрошувачкиот кредит заедно со договорената камата во роковите и под условите предвидени со склучениот договор.

(4) Условите за исплаќање на кредитот, вклучително износот, бројот, периодичноста и датите на ратите, како и вкупниот износ на сите плаќања се опфатени во Шема на плаќање – Прилог 1 на склучениот договор.

УСЛОВИ ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА КРЕДИТ
ЧЛЕН 3
(1) Кредиторот одобрува Кредит на Потрошувачот, откако истиот ќе ги исполни следните услови:

а) да е физичко лице над 18 години, со статус на потрошувач согласно член 2, точка 1 од Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити,
– да е државјанин на Република Северна Македонија, кој има постојано живеалиште на територијата на Република Северна Македонија,
– да има деловна способност да склучува правно обврзувачки договори,
– да поседува важечки документ за лична идентификација,
– да поседува сопствена трансакциска сметка во банка регистрирана во Република Северна Македонија,
– да има редовни приходи врз основа на договор за вработување, сопствена дејност, инвалидска пензија, старосна пензија или други приходи од други извори, со соодветен доказ,
– да е способен да го врати Кредитот заедно со сите други плаќања на Кредиторот,
б) откако Кредиторот ќе достави Апликација до Давателот на кредит и истата ќе биде одобрена,

в) откако Потрошувачот ќе го прифати и потпише Договорот и неговите прилози,

г) откако на Кредиторот ќе му бидат обезбедени копии од документите наведени во член 4,

д) откако Кредиторот ќе ја утврди кредитната способност на Потрошувачот,’),

ѓ) откако Потрошувачот ќе добие позитивен кредитен резултат од кредитната контрола извршена од Кредиторот.

(2) Кредиторот нема да склучи договори со лица кои не се државјани на Македонија и со лица кои нема да ги достават податоците/документите побарани од Кредиторот за целите на идентификување и верификување на идентитетот и/или заради оценката на нивната кредитна способност, во согласност со барањата на Кредиторот и доколку врз основа на барање од Кредиторот не достави доволно податоци или документи за потеклото на имот или во случај на сомневање за перење пари или финансирање тероризам.

(3) Кредиторот нема да склучи договори со лица кои причиниле директна или индиректна штета на Кредиторот или претставуваат закана или предизвикале штета на угледот на Кредиторот или Потрошувачот има обврски спрема други кредитори или кредитни институции

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР
ЧЛЕН 4
(1) Кредиторот ја оценува кредитоспобноста на Потрошувачот врз основа на расположливи информации, вклучувајќи информации добиени од Потрошувачот и по своја проценка, и доколку потребно, врз основа на податоци од надворешни бази на податоци, релевантни за оценката на кредитната способност и до кои Кредиторот има овластен пристап.

(2) Во случај Кредиторот да го одбие барањето за Кредит врз основа на податоци надворешни бази на податоци, Кредиторот ќе го извести Потрошувачот за причината за одбивање.

(3) Потребно е Потрошувачот да му обезбеди на Кредиторот копии од документите потребни за проверка на неговата кредитната способност, односно:

a) копија од документ за идентификација,
б) копија од договор за вработување и/или потврда за вработување,
в) примерок од извод од трансакциска сметка и/или копија од банкарски извештај за последниот календарски месец, ако нема извештај, сметка од потрошена електрична енергија издадена пред најмногу 3 месеци пред датумот на поднесување на Апликацијата за Кредитот која содржи адреса на Корисникот на кредит; документ за пензија, во случај на клиент пензионер итн. Како дел од проверката, Кредиторот, по сопствена процена, може, преку своите вработени, да спроведе разговор со Потрошувачот, за време на кој може да побара да добие дополнителни информации или дополнителни документи. Сите такви разговори се снимаат и чуваат во согласност со Политиката за приватност и се дел од досието на Потрошувачот.
(4) Доколку при пополнување на Апликацијата, Потрошувачот достави неточни податоци, во зависност од моментот на дознавање на овој факт, Кредиторот има право или да го одбие склучувањето на Договорот и/или дaвањето на Кредитот, или да го раскине Договорот (ако таков е склучен) и било кој друг договорен однос со Потрошувачот, без претходна најава и да побара предвремено враќање на Кредитот, заедно со сите надоместоци, трошоци и пресметани камати или такви кои ќе бидат пресметани до датумот на раскинување на Договорот.

НАЧИН НА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
ЧЛЕН 5
(1) Потрошувачот потврдува и прифаќа дека ќе го потпише Договорот за потрошувачки кредит, на еден од следните начини, како што ќе избере Потрошувачот:

а) Со потпишување на Договорот со електронски потпис по пат на внесување на Индивидуалниот код за верификација на профил страницата на Потрошувачот креирана на интернет страницата на Кредиторот, до којшто Потрошувачот може да пристапи директно или преку линк, испратен на e-mail-от на Потрошувачот, со изјавување на потврдно “ДА” за прием на Изјавата и “СЕ СОГЛАСУВАМ” за прифаќањето и давањето на согласност за Изјавата;
б) Со потпишување на Договорот своерачно, по прием на Договорот во хартиена форма во седиштето или во седиштето на подружница на Кредиторот.
(2) Потрошувачот признава, прифаќа и се согласува дека Договорот ќе се смета за потпишан на начин како што е наведено погоре и дека неговите обврски, коишто произлегуваат од Договорот, ќе стапат на сила само доколку Потрошувачот достави копија од неговата важечка лична карта до Кредиторот преку интернет страницата на Кредиторот, на e-mail адресата на Кредиторот, во седиштето на Кредиторот или во седиштето на подружниците на Кредиторот.

ЧЛЕН 6
(1) Ако поинаку не е договорено за време на прием на електронска порака се смета времето кога таа влегла во информациониот систем на примачот.

(2) Во случај на електронско потпишување на Договорот и прилозите, Потрошувачот е согласен индивидуалниот код за верификација испратен од Кредиторот на личниот телефонски број или на e-mail-от наведени во барањето или на профил страницата на Потрошувачот креирана на интернет страницата на Кредиторот, да има важност на електронски потпис и да има еднаква важност и сила на доказ како и своерачниот потпис даден во врска со хартиени документи.

ЧЛЕН 7
(1) Кредиторот потврдува, а Потрошувачот прифаќа дека Кредиторот има статус на субјект кој е обврзан и овластен да ги презема сите потребни мерки и активности за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во согласност со Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, вклучително вршење анализа проверка на Потрошувачот, следење и анализа на трансакциите меѓу Кредиторот и Потрошувачот, собирање и известување за сите релевантни податоци во врска со Потрошувачот и трансакциите меѓу Кредиторот и Потрошувачот на Управата за финансиско разузнавање.

(2) Согласно Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, Кредиторот не може да врши плаќање на износот на кредит на Потрошувачот, ниту да прима отплати на рати или било кои други плаќања по основ на Договорот за потрошувачки кредит од Потрошувачот во готовина, доколку износот го надминува законски определениот износ за плаќања во готовина. Во таков случај Потрошувачот е должен да изврши уплата на некоја од трансакциските сметки на Кредиторот.

ИЗДАВАЊЕ НА КРЕДИТОТ
ЧЛЕН 8
(1) Кредиторот му го издава кредитот на Потрошувачот во готово / на трансакциска сметка на потрошувачот на денот на потпишување на склучениот договор, согласно одредбите од овој договор. Кредиторот не сноси никаква одговорност како резултат на погрешно дадени податоци од страна на потрошувачот, кој по грешка или на друг начин навел неточен број на банкарска сметка на апликацијата за кредит. Кредиторот нема ниту одговорност за задоцнување на банкарскиот трансфер поради причини неповрзани со него.

(2) Со потпишувањето на договорот, Потрошувачот потврдува дека ја има добиено од Кредиторот во целост точната сума, како што е предвидено во склучениот договор.

КАМАТИ, ТРОШОЦИ И НАДОМЕСТОЦИ
ЧЛЕН 9
(1) За издадената сума од член 3 став 1 на овој договор, Потрошувачот ќе му исплати на Кредиторот камата како надоместок за користење на средствата наведена и во Шемата на плаќање – Прилог 1 на овој договор.

(2) Каматата се пресметува соодветно на периодот на отплата, во рамки на законската камата предвидена во Законот за облигационите односи и Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

(3) Доколку Потрошувачот задоцни со плаќањето на кредитот е должен да плаќа и законска казнена камата согласно Законот за облигационите односи.

(4) Потрошувачот има опција да бара неговата кредитна апликација да се процесира со приоритет (експресно процесирање). Услугата за експресно процесирање на апликацијата за кредит Клиентот ја избира со обележување на полето „Eкспресно процесирање“ во делот дополнителни услуги на самата апликација за кредит. Доколку Потрошувачот не ја избере опцијата за експресна обрабтка на неговата апликација, истата ќе биде разгледана во рок од 30 дена од денот на поднесување на апликацијата за кредит. Овој надоместок се враќа на рати и ќе биде вклучен во месечните рати за враќање на кредитот одобрен по апликацијата за кредит за која е платено надоместокот за експресно процесирање.

(5) Кредиторот пресметува и еднократно наплатува административни трошоци поврзани со кредитот и тоа за: аплицирање и обработка на барањето за кредит, проценка и верификација на информациите добиени од Потрошувачот, проверка во регистрите на кредитни информации како што се МКБ, КИБС, бази на јавни или државни органи и внатрешни бази, како и оценка на ризикот.

(6) Провизија за администрирање на кредитот, што вклучува услуги поврзани со администрирање на одобрениот кредит до денот на отплатата на кредитот, вклучувајќи во тоа водење на кредитното досие, комуникација преку СМС или телефонски повици/известувања до Потрошувачот за прашања поврзани со кредитот, освен известувања или опомени за достасани обврски;

(7) Годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) се пресметува согласно методологија пропишана од Советот на Народна Банка на Република Северна Македонија.

ЧЛЕН 10
(1) Во пресметката на Годишната стапка на вкупни трошоци (СВТ) не се вклучуваат:

– трошоците поврзани со неисполнување или ненавремено исполнување на обврските од договорот за потрошувачки кредит;

– трошоците за експресно одобрување на кредитот (од нив не зависи одобрувањето на потрошувачкиот кредит);

– провизија односно надоместок за администрирање на кредитот;

– нотарски услуги;

– останати трошоци, коишто не се директно поврзани и со кои не е условено одобрувањето на кредитот.

ЧЛЕН 11
(1) Кредиторот го задржува правото без претходна согласност од Потрошувачот да ја менува висината на каматните стапки, начинот и периодот на пресметка, во согласност со законските прописи.

ИСПЛАТА НА КРЕДИТОТ
ЧЛЕН 12
(1) Главниот долг и каматата ќе бидат исплатени од Потрошувачот во рокови и рати согласно Шема на плаќање – Прилог 1 кон Договорот за потрошувачки кредит.

(2) Пристигнувањето на ратите на кредитот се на или не покасно од датите предвидени во Шема на плаќање – Прилог 1 кон Договорот за потрошувачки кредит. Кога крајниот рок на рата е во неработен ден, Потрошувачот може да ја плати ратата на првиот нареден работен ден.

(3) Доколку уплатениот износ од Потрошувачот не е помалку од доспеаната рата, се смета дека најпрво се исплаќа казнената камата за задоцнување, доколку истата се должи, а потоа и ратата која е доспеана.

(4) Кредиторот не може да одбие да прими делумна исплата на потрошувачкиот кредит.

(5) Потрошувачот може да ги исплаќа обврските спрема Кредиторот по Договорот за потрошувачки кредит во готово, во просториите на Кредиторот или преку банкарска трансакција со наведување на референтниот број на кредитот.

(6) Сите трошоци во врска со направените уплати ги сноси Потрошувачот.

(7) Договорот за кредит се склучува за девизен курс 61.50 МКД за едно евро (ЕУР). Во случај на промени во сооднос МКД / ЕУР (одлучувачки е средниот курс објавен од НБРСМ) за повеќе од 5 %, износот во МКД на неплатените рати за отплата се менува автоматски. Како резултат на тоа СВТ според условот на Договорот за кредит ќе се промени, за што Кредиторот во писмена форма по пошта или електронска пошта ќе го извести Потрошувачот во рок од 10 (десет) работни дена од измената.

(8) Во случај на макроекономска нерамнотежа која ќе резултира со најмалку 5 % девалвација на средниот курс на еврото во денари (ЕУР/МКД) како еднострана мерка на НБРСМ или 5 % депрецијација на средниот курс на еврото во денари, мерени преку зголемување на средниот курс на ЕУР/ МКД објавен од страна на НБРСМ на нејзината веб страна, Кредиторот го задржува правото да ги корегира и зголеми за истиот процент на девалвација/депрецијација сите обврски на Потрошувачот спрема Кредиторот согласно Договорот за кредит (вклучувајќи, но неограничувајќи се на обврските по основ на главницата, каматата и сите провизии).

ПРЕДВРЕМЕНА ОТПЛАТА НА КРЕДИТОТ
ЧЛЕН 13
(1) Потрошувачот има право во кое било време да го плати, целосно или делумно, недостасаниот дел од кредитот без дополнителни трошоци, согласно со овој договор. Во тој случај има право на намалување на вкупните трошоци на кредитот, кое се состои од каматата и другите трошоци за преостанатиот период на траење на договорот за кредит.

(2) Во случај Потрошувачот да изврши плаќање кое го надминува достасаниот износ за плаќање, а не го известил писмено Кредиторот за намерата за целосна или делумна предвремена отплата, истото нема да се смета како предвремена отплата и износот ќе се смета за претплата и ќе се искористи за подмирување на обврските на Потрошувачот. Кредиторот го задржува правото да го искористи износот за наплата на било кое побарување од Потрошувачот, а кое произлегува од Договорот(ите) или одобрени барања на Потрошувачот, доколку истите се доспеани

(3) Доколку по целосна отплата на обврските, Потрошувачот сеуште има расположливи средства, Кредиторот ќе изврши поврат на трансакциската сметка на Потрошувачот, доколку му е позната, или на друг начин побаран од Потрошувачот.

(4) Во случај на предвремено враќање на дел од кредитот, Кредиторот ќе изврши повторна пресметка на каматата и ќе му достави на Потрошувачот ажуриран амортизационен план, при што дел од каматата што треба да се намали заради предвременото враќање извршено од страна на Потрошувачот, целосно ќе биде одбиена од износот на следниот доспеан ануитет, во согласност со правилата предвидени во овој член. Ако износот на намалената камата е поголем од оригиналниот износ на ануитетот (како да не било извршено предвремено враќање на дел од кредитот) останатото одбивање ќе се изврши од следниот ануитет. Ако одбивањето поврзано со предвременото плаќање го надминува неподмирениот кредит плус сите такси, Кредиторот е обврзан во договорен период меѓу страните да го врати износот што е вишок на Потрошувачот.

ЗАДОЦНУВАЊЕ СО ИСПОЛНУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ
ЧЛЕН 14
(1) Доколку Потрошувачот задоцни со исплата на повеќе од една рата согласно Шема на плаќање – Прилог 1 на овој договор, Кредиторот има право да бара наплата на целата сума на потрошувачкиот кредит.

(2) Доколку Потрошувачот не ги исполнува обврските од Договорот во целост и навремено, Кредиторот ги има следните права:

а) да пресмета казнена камата на неплатениот износ од денот на доспевање на побарувањето до денот на наплата.
б) да ги преземе сите потребни активности во согласност со применливите закони, вклучувајќи и предвремено раскинување на Договорот и да ги спроведе сите потребни активности за наплата на своите побарувања пред сите надлежни органи и институции, вклучувајќи но не ограничувајќи се на судови, нотари, извршители и други, што може да доведе до значително зголемување на достасаниот износ за исплаќање.
в) да поднесе информација за обврските на Клиентот до Кредитно биро, што може да влијае врз кредитната способност на Корисникот на кредит.
ЧЛЕН 15
(1) Во случај на задоцнување со исполнување на обврските на потрошувачот согласно Договорот, Потрошувачот е должен да му ги надомести на Кредиторот трошоците настанати по повод настанатото задоцнување, а кои се однесуваат на пресметки, подготовка, достава и известувања за задоцнување со плаќање, а кои детално се определени во став 2 од овој член.

ОТКАЖУВАЊЕ ОД ДОГОВОРОТ ЗА КРЕДИТ
ЧЛЕН 16
(1) Потрошувачот може да се откаже од договорот за кредит во рок од 14 дена, без да наведува причина за откажувањето.

(2) Рокот на откажување започнува да тече:

– од денот на склучувањето на договорот или
– од денот кога потрошувачот ги добил условите и информациите од договорот, доколку тој ден е подоцна од денот на склучувањето на договор
(3) Доколку Потрошувачот го искористи правото на откажување од договорот за кредит, тој треба:

а) да го извести кредиторот во писмена форма или преку друг траен медиум за откажувањето од договорот за кредит, на соодветен Образец, пред истекот на рокот од ставот (1) на овој член и
б) да ја плати главнината и каматата за периодот од искористувањето на кредитот до денот на плаќање на главнината, веднаш но не подоцна од 30 дена од денот на известувањето на кредиторот за откажувањето од кредитот. Каматата се пресметува врз основа на договорената каматна стапка. Кредиторот има право на надоместок на неповратните трошоци платени во врска со договорот за кредит кон јавни или државни органи.
(4) Во случај Потрошувачот да испрати навремено известување до Кредиторот за остварување на правото на откажување, но не изврши плаќање спрема Кредиторот во рокот од 30 дена, Договорот продолжува да важи согласно условите под кои е склучен, со сите последици од ненавремено плаќање за Потрошувачот.

(5) Во случај ако Потрошувачот не достави до Кредиторот, писмената изјава, како што е наведено во точка 1 од овој член, ако Потрошувачот го врати целиот износ на дадениот кредит заедно со акумулираната камата до периодот на враќањето во рок од 14 дена кои му се достапни на Потрошувачот да се повлече од Договорот, се смета дека Потрошувачот, се повлекол од Договорот од датумот на враќањето.

ПРЕНОС НА ПОБАРУВАЊЕТО
ЧЛЕН 17
(1) Кредиторот има право да го пренесе своето побарување спрема Потрошувачот на трето лице, без согласност на Потрошувачот.

(2) Во случаите кога се издава кредит за купување на стоки, Договорот за потрошувачки кредит не е пречка Потрошувачот да бара остварување на своите права од добавувачот на стоките или услугите купени со користење на кредитот, кога стоките или услугите не се доставени на Потрошувачот, кога се доставени делумно или не се во согласност со договорот за продажба или испорака.

ДРУГИ УСЛОВИ
ЧЛЕН 18
(1) Сите плаќања во однос на Потрошувачкиот кредит, предмет на договорот, Кредиторот и Потрошувачот ги вршат во денари.

(2) Потрошувачот и Кредиторот се согласни дека доколку Потрошувачот задоцни со плаќањето на доспеана рата повеќе од 3 календарски дена Кредиторот ќе биде принуден да ги користи следниве канали на комуникација за наплата: испраќање на потсетник писма, смс пораки, електронски пораки, спроведувањето на телефонски разговори и лични посети, известување на корисникот за неговото несоодветно однесување.

(3) Кредиторот има право да остварува телефонски разговори со потрошувачот или контакт лицето на потрошувачот, да му испрати електронски пораки, писма и известувања, да направи домашни посети во случај тој да не изврши некоја од неговите обврски според договорот за заем, да ги пренесе личните податоци на други надворешни субјекти (Друштво за наплата или неговиот работодавач) во обемот потребен за спроведување на наплата на доспеаните парични обврски и информирајќи го за неговото неодговорно однесување спрема финансиската обврска.

(4) Потрошувачот изречно изјавува дека дава согласност доброволно дадените податоци за себе, кои претставуваат лични податоци, како неопходен услов за склучување на договорот Кредиторот да ги обработува и чува, доколку тоа е неопходно за спроведување на овој договор. Потрошувачот е согласен неговите лични податоци да бидат откриени на следниве обработувачи: секој вид на централен кредитен регистар, сите кредитни институции, лизинг компании, финансиски институции, друштва за наплата на долгови, кредитни бироа, трговски друштва кои обезбедуваат електронски комуникациски мрежи и/или услуги. Потрошувачот дава согласност Финансиско друштво КРЕДИ ЈЕС ДОО Скопје да врши проверки и да добива информации за неговата кредитната задолженост, достапни во базите на податоци. Потрошувачот изјавува дека е запознаен со правата и обврските кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.

(5) Сите писмени известувања меѓу страните се испраќаат на адресите наведени погоре: адресата на Кредиторот и адресите на потрошувачот.

(6) Потрошувачот има право, на негово барање, бесплатно да добие, при отплата на главнината на договорот за кредит со фиксно времетраење, во кое било време во текот на траењето на договорот за кредит, извештај за сметка во форма на амортизационен план. Амортизациониот план содржи податоци за ратите и рокот на нивно достасување и условите во врска со исплатата на тие износи, преглед на секоја исплата со податоци за главнината, каматата која е пресметана врз основа на каматната стапка, доколку е применливо и дополнителни трошоци. Ако каматната стапка не е фиксна или со договорот за кредит е дадена можност дополнителните трошоци да се променат, во амортизациониот план на јасен и прецизен начин се забележува дека податоците содржани во планот важат само до моментот кога стапката на задолжување или дополнителните трошоци ќе се променат во согласност со договорот за кредит.

(7) Секоја од страните е обврзана да ја извести другата во писмена форма при промена на постојаната или тековната адреса (за потрошувачот) и адресата на менаџментот (за Кредиторот). Пораките и / или документите ќе се сметаат дека биле доставени ако се испратени и доставени до адресата на Потрошувачот. Потрошувачот дава согласност да биде посетен на адресата што ја наведе, како и да прима известувања за заостанати плаќања по телефон или преку текстуална порака по електронска пошта или мобилен телефон.

(8) Доколку Потрошувачот не го извести Кредиторот навреме за промената на неговата адреса, пораките се испраќаат на адресата наведена во овој договор и се сметаат за уредно доставени.

(9) Во случај кога некоја од одредбите на овој Договор е прогласена за ништовна од надлежна јурисдикција, другите одредби остануваат во сила. Ако нормативен акт применлив на содржината на овој договор бара измена на условите договорени во овој договор, тие ќе се сметаат за изменети со влегувањето во сила на Законот.

ЧЛЕН 19
(1) Со склучувањето на Договорот за потрошувачки кредит, Потрошувачот јасно ја изразува својата согласност да прима бесплатни кратки пораки за потсетување, електронски пораки, писма и други документи и известувања, како и промотивни известувања за целите на директниот маркетинг на Кредиторот на мобилен телефон и на електронската адреса за дописи, наведени како контакт податоци од страна на Потрошувачот.

РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ И ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН
ЧЛЕН 20
(1) Договорот за потрошувачки кредит може да се раскине:

– со плаќање на сите обврски на потрошувачот на доверителот, вклучувајќи и предвремено плаќање;
– со заеднички договор на страните, изразен во писмена форма;
(2) Кредиторот има право да го раскине склучениот договор и да бара предвремена отплата на Кредитот(ите) на Потрошувачот, доспеаната камата, надоместоци, казнена камата, пенали и други побарувања кои произлегуваат од Договорот во рок од 3 (три) работни дена од денот на прием на известувањето од Кредиторот доколку:

а) се открие дека Потрошувачот доставил до Кредиторот лажни документи или изјави во барањето за кредит или други документи доставени до Кредиторот (вклучувајќи известувања, потврди итн.);
б) Потрошувачот не ги исполнува навремено обврските за плаќање согласно Договорот(ите);
в) Потрошувачот задоцни или не ги исполнува навремено било која(и) друга(и) обврска(и) од Договорот(ите);
г) настанат случаи кои го загрозуваат редовното исполнување на Договорот од страна на Потрошувачот;
(3) Во случај на раскинување, Кредитот заедно со сите надоместоци и доспеана камата до денот на раскинувањето стануваат доспеани за плаќање. Конечниот износ кој Потрошувачот треба да го плати заради раскинување на Договорот ќе биде наведен од Кредиторот во известувањето за раскинување.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
ЧЛЕН 21
(1) Доколку некоја одредба или дел од одредбите од Општите услови бидат прогласени за неважечки, останатите одредби остануваат во сила, а неважечките ќе бидат заменети со важечки;

(2) Кредиторот го задржува правото да ги измени овие Општи услови во согласност со законските прописи на Република Северна Македонија и истите измени ќе бидат објавени на веб страната на Кредиторот.

(3) Надзор врз работењето на друштвото врши Министерството за финансии на Република Северна Македонија, со седиште на ул. Даме Груев бр. 12, 1000 Скопје.
 
Одговорност

и професионално кредитирање

Доверба

најдобри совети и грижа за Вас

Приоритет

Ваш прв избор за кредитирање

Брзина

кредит во најкус можен рок