Креди ЈЕС Ви нуди брзи и поволни кредити со флексибилни рати и без скриени трошоци.

Креди Јес се приклучи кон Асоцијацијата на Финансиски друштва на Северна Македонија

Почитувани, со задоволство ве известуваме дека од неодамна нашето финансиско друштво Креди ЈЕС стана член на Асоцијацијата на Финансиски друштва на Северна Македонија. Тоа е голем показател дека нашата компанијата кредитира разумно, транспарентно и со голема грижа кон клиентите.

Главна цел на Финансиско Друштво Креди ЈЕС е да нуди брзи и поволни потрошувачки кредити со флексибилни рати и без скриени трошоци. Транспарентност, почит кон клиентите, квалитетна услуга и брзина се наш приоритет при секоја наша услуга. Со приклучување кон АФД и учество во активностите на Асоцијацијата сметаме дека повеќе можеме да придонесеме за развој на Финтек индустријата во Северна Македонија.

Главни цели и задачи на Асоцијацијата на финансиски друштва:

Асоцијацијата на Финансиски Друштва на Северна Македонија ги соединува компаниите за финансиска технологија, исто така позната како FinTech, и други организации кои работат надвор од банкарскиот сектор, давајќи финансиски услуги на жителите на Северна Македонија. Мисија на асоцијацијата e да се создаде одговорна пракса, со цел долгорочна соработка и позитивна оценка од страна на потрошувачите и институциите за регулирање на пазарот, истовремено објаснувајќи ги на пошироката јавност различните можности што може да ги обезбедат финансиските друштва кои користат FinTech за развој на поединци и на општеството како целина.

Асоцијацијата е формирана со цел да го надгледува секторот за финансиски друштва и да го промовира неговиот развој. Финансиско Друштво Креди ЈЕС како одговорна компанија ги исполнува целосно сите цели и визии за одговорно и фер кредитирање на Асоцијацијата на Финансиски друштва на Северна Македонија.

Top
/