ПОСВЕТЕНИ НА ДОВЕРБАТА КОЈА ЈА ГРАДИМЕ И НА ЗАЕДНИЦИТЕ НА КОИ ИМ СЛУЖИМЕ
Креди Јес својата мисија ја започнува во Бугарија во 2009 година, отварајќи ја првата филијала за потрошувачки кредити за физички лица достапни на сите. По 13 години работа денес компанијата има над 90 канцеларии на целата територија на Бугарија и многу опции за кредитирање на физички и правни лица. Првата подружница во Северна Македонија ја отвара во Скопје во 2019 година а истовремено започнува и онлајн кредитирањето. Во моментот компанијата има 12 оперативни подружници во повеќе градови во земјата со план за отварање на нови до крајот на годината, се со цел поголема достапоност на услугите за сите клиенти од Македонија. Ако сеуште Креди Јес не е блиску до Вас на располагање ви е контакт центарот каде може да се обратите како да аплицирате целосно онлајн за да ги имате средствата на Вашата трансакциска сметка.
Одговорност
Одговорно и професионално кредитирање, најдобра услуга и задоволни клиенти се нашата крајна цел и мисија.
Доверба
Нашите вработени се Вашите локални пријатели од кои секогаш може да го добиете најдоброто финансиско советување и на кои комплетно може да ја препуштите Вашата доверба за избор на кредитен продукт според вашите потреби.
Приоритет
Целта на нашето финансиско друштво е секогаш да бидеме Вашиот прв избор за позајмување пари но во исто време наш приоритет е остварување на долгорочна соработка со Вас.
Брзина
Со користење и имплементација на Fintech индустријата клиентите можат да аплицираат целосно онлајн со максимална безбедност и заштита на нивните лични податоци, воедно добивајќи брза услуга и квалитетен продукт од удобноста на својот дом.
Основање: 2019 година
Решение за работа: 13-7340/4
Седиште: Даме Груев бр.3, 1000 Скопје
Од почетокот на 2021 година Креди ЈЕС стана член на Асоцијацијата на Финансиски друштва на Северна Македонија. Тоа е голем показател дека нашата компанијата кредитира разумно, транспарентно, со јасни правила и со голема грижа кон клиентите.
ВОЗБУДЕНИ СМЕ ЗА СЛЕДНОТО ПОГЛАВЈЕ ВО НАШАТА ПРИКАЗНА И ВЕ ПОКАНУВАМЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД НЕГО.